Вила во Горно Коњско, на 1100 метри на планината Галичица
8,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Наем на цела вила за двајца 12.000 денари
- + шише вино од домаќините
- Цена за 6 лица - 8.000 денари
- Цена за 8 лица - 9.000 денари
- Наем на цела вила за едно ноќевање од 17.500 денари
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Викендица во Горно Коњско. Можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
ПЛАНИНСКА ВИЛА НА ГАЛИЧИЦА – ГОРНО КОЊСКО
Локација и надморска висина
Вилата се наоѓа во Горно Коњско, на планината Галичица, на 1100 метри надморска висина. Локацијата нуди мир, чист воздух и панорамски поглед кон Охридското Езеро.
Распоред на вилата
Вилата се состои од две нивоа.
Приземје (70 м²)
Голема дневна соба со аголна гарнитура со механизам за спиење
Трпезариска маса со 6 столици
Камин
Целосно опремена кујна
Спална соба со брачен кревет
Бања
Тераса со панорамски поглед кон Охридското Езеро
Горен кат (60 м²)
Еден апартман со брачен кревет, тросед со механизам за спиење и телевизор
Една спална соба со брачен кревет и тераса со поглед кон Охридското Езеро и Галичица
Една дополнителна соба со брачен кревет
Бања
Опременост
Секоја просторија има телевизор со ТВ пакет од над 140 канали.
Вилата располага со интернет, тераси на двете нивоа и целосно опремена кујна на приземјето.
Капацитет
Максимален капацитет: до 10 лица
Приземје: до 4 лица
Горен кат: до 6 лица
Локација и активности
Во околината има пешачки и планинарски патеки кон селата Велестово и Елшани. Во близина се наоѓаат и ресторани.
Оддалеченоста до хотел Метропол и плажата е околу 4 километри. Локацијата е идеална за љубители на природа, планинарење и мирен одмор со поглед на езерото.
Check-in / Check-out
Check-in: по 12:00 часот
Check-out: до 11:00 часот
Клучот се предава со договор со домаќинот.
Дополнителни информации
Домашни миленици не се дозволени.
Обезбеден е простор за велосипеди.
За престој подолг од 7 дена се врши редовна промена на постелнина и пешкири.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Илија Гонев
06.01.2026 10:41
-
Валентина
18.04.2023 09:13
Прекрасна вила, на одлична локација и преубав поглед кон езерото. Можност за прошетки до околните села, по обележани патеки. Во близина на вилата се наоѓа ресторан, во кој може да се вкуси домашно приготвена, традиционална храна. Идеално место за одмор во било кој период од годината. Исклучително гостопримливи домаќини. Поздрав до нив и се гледаме повторно!