СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Еднособен апартман во Аеродром, Скопје

Skopje
Цена од:

1,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за 2 лица во сместувањето 1,800.00 ден
  • Цена за 3 лица во сместувањето 2,300.00 ден
  • Цената може да биде повисока за празници
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна
  • Паркинг

Еднособен апартман во Скопје, можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 2
Кревети : 2
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Wi-Fi

Апартманот се наоѓа во населба Аеродрон, на улица Фрањо Клуз бр. 16.

Станува збор за еднособен апартман со еден брачен кревет и гарнитура на развлекување.

Кујна; тоалет со туш кабина; дневен простор со гарнитура, масичка и смарт ТВ; дел со брачен кревет и плакар; дел со маса за јадење; тераса.

Целосно опремена кујна: фрижидер, стаклено-керамичка плотна, вграден аспиратор, вградена фурна, кујнски бојлер, кујнски прибор за готвење, јадење и пиење. Исто така сјај, сунѓерче за садови и средства за чистење.

Стабилна Wi-Fi конекција.

Паркинг има во самата зграда но потребна е претходна најава. Истиот се наплаќа 300 денари од ден.

Максимален капацитет:2 лица + 1 лице опционо

Во околината има ресторани, пицерии, кафе-барови, бутици, маркети, бензиска станица, игротеки, училиште, градинка. Во близина се наоѓаат главната автобуска и железничка станица.

Сместувањето се наоѓа во урбана средина. Од училишниот двор и градинка ќе слушнете детски џагор што за момент ќе Ве врати во детството и со сигурност ќе измами насмевки на Вашето лице. Скопската автобуска и железничка станица е оддалечена на само 7 минути пешачење.

Соседството е воглавно мирно, односно вообичаено за населба со голем број на жители.

Check in: 14:00 - 16:00
Check out: 10:00 - 12:00

Клучот се подигнува од домаќинот.

Постелнината и пешкирите се менуваат на секое менување на гостите, а во секој момент достапни се чисти пешкири и постелини во плакарот.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Вкупен број на кревети во објектот: 2 кревета.

Греење/Ладење: Клима уред со можност за греење и ладење како централно парно греење.

ЛОКАЦИЈА

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување