СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Викендица на Марков манастир за бегство од градскиот метеж

Skopje
Цена од:

10,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила и двор од ноќевање
  • Греење/Ладење
  • Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен

Вилата е идеално место за вас и вашата фамилија, вашите пријатели или друштво доколку барате место каде ќе можете да побегнете од градскиот метеж и бучава, а сепак да не сте многу далеку од градот. Одалечена е 18 километри од Скопје и нуди одлично место за одмор и рекреација, чист воздух, мир и тишина, место каде ќе можете да се разладите во базенот, да направите скара во фурната, испиете пијачка на шанкот во дворот.

Во самиот двор на викендицата се наоѓа детско катче и лулашки на кои може да се забавуваат вашите деца додека вие го пиете кафето.

Вилата најчесто ја изјануваат за семејни прослави. Во дворот има скара, базен и шанк.

Вилата располага со две спални соби со по 2 каучи, а максималниот капацитет е од 4 до 6 лица. Во вилата може комотно да се сместат две семејства со по едно мало дете. 

Клучот се подига од сопствениците кои ги пречекуваат гостите.

Вилата има Wi-Fi и паркиг простор. 

Check in: 14:00 (Со претходен договор со сопствениците може и порано)
Check out: 11:00 (Со претходен договор со сопствениците може и подоцна доколку нема најавени гости)

Регионот каде што се наоѓа викендицата е познат како излетничко место за скопјани. За оние кои не слушнале за овој манастир. Марков манастир е православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанарија.



ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • NEDZAD DRNDAR

    14.08.2024 20:14

    Dali ja izdavate za 3 Dena na familija,,,I koja Cena bi bila za tie 3 Dena ,,,Sega 15 16 I 17 ti