Македонско Село Хотел & Ресорт
3,069.00 ден
Вклучено во цена:
- Ноќевање со вклучен појадок:
- Еднокреветна соба - 49.50 евра
- Двокреветна соба - 71.50 евра
- Трокреветна соба - 93.50 евра
- Четворокреветна соба - 126.50 евра
- Во цената е вклучен појадок кој се служи секое утро од 8:30-11 часот во горниот ресторан
- Греење/Ладење
- Wi-Fi/TV
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Македонско Село Хотел & Ресорт. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање барање за резервација. По неговото испраќање, на вашата е-пошта ќе добиете одговор со вкупната цена. Ве охрабруваме да практикувате резервации преку е-пошта, бидејќи тоа е најсигурниот начин и за вас и за домаќините.
Македонско Село Хотел & Ресорт нуди едно посебно искуство кое црпи инспирација од македонската планинска архитектура и традиција. Со топол дрвен дизајн, рачно изработени елементи и мирна атмосфера, престојот овде ви подарува вистински одмор во срцето на македонската традиција.
Од калдрмисаните улици и старите камени куќи, преку вкусната македонска кујна и посебниот амбиент во хотелските соби – секоја фотографија ја пренесува приказната за едно различно, заборавено време.
Хотелот располага со 53 соби (вкупно 123 легла). Собите се од следниот тип:
1. Еднокреветни соби (три)
2. Двокреветни соби (триесет и една соба)
3. Трокреветна соба (дванаесет)
4. Четворокреветна соба (три)
5. Твин соби (четири)
Собите се со рачно изработени дрвени елементи, везени детали, рачни ткаенини, инспирирани од македонската архитектура.
Секоја соба располага со:
Flat TV screen
Бесплатен Wi-Fi
Клима уред
Две шишиња вода како welcome drink
Мини фрижидер
Приватна бања со туш
Тоалетни производи (шампон, гел за туширање)
Фен за коса
Папучи
Дополнителни ќебиња
Хотелот е спој на елегантно и модерно со традиционални елементи.
Дополнителни погодности:
Опции за полупансион и целосен пансион
20% попуст во ресторанот за хотелски гости
Во самиот комплекс кој всушност е одлика на македонско село, има ресторан со македонски традиционални јадења, етно бар, винотека и продавници за сувенири.
Појадокот се служи секое утро од 8:30 до 11 часот во горниот ресторан.
Во рамки на комплексот функционираат 5 занаетчиски дуќани, кои претставуваат уникатен спој на традиција и култура:
Кујунџијата Младен – изработка на накит од тенко сребро
Антикварницата на Методија – стари и автентични антиквитети од XIX век
Еснаф продавницата на Изабела – ткаенини, народни носии и современа народна мода
Бакалницата Јасељим – македонски прехранбени производи
Артфлов филигранџика Тина – рачно изработени уметнички дела од срма
Македонско Село Хотел & Ресорт е совршено место за домашни и странски посетители и сите кои сакаат за момент да го доживеат вистинското македонско наследство.
Обезбеден е бесплатен приватен паркинг.
Рецепцијата работи 24/7.
Чек-ин започнува од 14:00 часот
Чек-аут е до 11:00 часот
ЛОКАЦИЈА