Сместување во село Врбен

Mavrovo
Цена од:

2,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на апартман се движи од 2500 денари па нагоре
  • Цените варираат во зависнот од бројот на ноќевања и периодот
  • Греење
  • TV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Сместување на 1260 мнв во нова и модерна вила. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 14
Кревети : 14
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Сместувањето се наоѓа во село Врбен, на 5 километри од Маврови Анови.

Располага со 2 апартмани кои имаат по две спални соби, дневен престој, еден брачен кревет и два одделни кревети, еден монтажен кревет и 1 двосед на развлекување и 1 тросед.

Апартманите располагаат со удобни кревети опремени со постелнини, пешкири, кебиња, јоргани.

Кујните се целосно опремени со електрични апарати, прибор за јадење и готвење и скара.

Вилата има Wi-Fi.

Вилата има приватен паркинг.

Максималниот капацитет е за 7 легла.

Сместувањето се наоѓа во национален парк, гостите може да го посетат манастирот Св. Јован Бигорски, црквата Св. Никола во Маврово, мавровското езеро.

Од атракции има скијање, планинарење, гастрономски авантури, пливање.

Сместувањето се наоѓа во планинска област.

Соседството е мирно и гостопримливо.

Check in: 14:00 часот
Check out: 11:00 часот

Клучот се подига од домаќините.

Постелнините и пешкирите се менуваат на секој четврти ден.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Vesna Cvetanovska

    21.08.2024 19:51

    Ve molam po precizno kazete mi Dali cenata e za apartman od den ili od osoba i sto e vkluceno vo cenata... Za 30.08. i za 31.08. dali imate sloboden apartman za Tri osobi i kolku ke ne cini.....

  • Елена Јовановска

    06.02.2023 09:01

    Топло го препорачувам сместувањето во Вила Кристина. Апартманот е на две нивоа, на долниот кат е бањата, дневната соба со кујна, а на горниот кат се 2те спални соби. Целиот апартман е опремен со нов и удобен мебел, а кујната со сите потребни работи. Топла атмосфера и чуство како да си дома. Мирно и прекрасно сместување за во сите годишни времиња.

  • Тонкица Цекова

    01.02.2023 12:53

    Вилата е нова, уредена со вкус и се што е потребно за убав престој. Бајковидна, недопрена природа во зима, но супер и за летен период, посебно околните ливади за пикник . Во Скопје температурите 40 +, а јас навечер покриена со јорганче :) убавини. Топло препорачувам!

  • Билјана Јовановска

    01.02.2023 12:08

    Ви благодарам за пречекот со топол планински чај, воодушевена сум од прекрасната зимска идила. Се беше беспрекорно посебно хигиената, се гледаме повторно.

  • Aleksandra Ilievska

    31.01.2023 13:55

    Прекрасно сместување и многу мирно место за уживање токму тоа што ни е потребно во ова брзо време на живеење.Вреди да се види и почувствува природата.Поздрав до прекрасните домаќини.