Шумско домче „Чичко Боро“

Skopje
Цена од:

300.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за престој по лице од ден

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт
  • Храна

Сместување во извиднички дом „Чичко Боро“. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 30
Кревети : 30
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Паркинг

Извидничкиот дом „Чичко Боро“- шумско домче се наоѓа на 35 километри од центарот на Скопје, на планината Китка, Мала Река на 950 мнв. Природата изобилува со густа шума, Мала Река која е притока на р.Кадина, многу патеки за хајкинг и планински велосипедизам.

Во извидничкиот дом има место за сместување на 25 до 30 лица во две соби со кревети на спрат, заедничко купатило, комплетно опремена кујна со прибор за јадење и готвење и простор за дневен престој. Домот се загрева со печка на дрва. Најубавиот дел од престојот во Шумско домче е дворот со 1800 м² каде се поставени нашите авантуристички реквизити како зип лајн, трамболина, слеклајн, мрежа за одбојка или бадминтон, место за логорски оган и шатори.

Можност за користење на домот и уживање во извиднички активности.

КОТИЗАЦИЈА

Престој на ден по лице

300 ден.

2

Деца до 6 години

Не се плаќа

3

Извидници

200 ден

4

Користење на реквизити по ден: зип лајн, трамболина, стреличарство,
слеклајн, молки, петанк, одбојка

1.000 ден.

Дводневна адреналинска авантура за 2 лица Китка-Караџица*

7.200 ден.

6

Дводневна адреналинска авантура за 3-4 лица Китка-Караџица*

12.000 ден.

7

Можност за еднодневни настани до 8 деца до 14 год.
(ден во природа/шумска екскурзија, роденден…)**

12.000 ден.

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА!

До извидничкиот дом се вози преку селата Долно и Горно Количани. Патот е асфалтиран до Црвена вода, а до Преслап асфалт кој на некои места е оштетен. Од Преслап до Мала Река има 9 км земјен широк пат каде е потребно повнимателно возење. Може да се патува со градски автомобил, но ние препорачуваме да се користи високо или теренско возило. Отприлика се стигнува за 1:30 час до домот со бавно и внимателно возење.

Доколку имате потреба од организиран превоз, дополнително можете да не контактирате.

За домот се грижат волонтери од Прв Скопски Извиднички Одред и Здружение за одмор и рекреација „Мала Река“.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување