СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Модерна вила со базен на Тиквешко езеро

Kavadarci
Цена од:

7,380.00 ден

Вклучено во цена:

  • Најниска цена за наем за 1, 2 или 3 лица од ноќ.
  • За повеќе лица цената се зголемува.
  • Греење/Ладење
  • Паркиг
  • Wi-Fi
  • Приватен базен во летна сезона

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вила со базен. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 8
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Вилата се наоѓа на Тиквешко Езеро.

Располага со три спални соби и дневен престој со гарнитура на спуштање за двајца, две спални со брачни кревети, и една спална соба со поединечни кревети. Спалните располагаат со гардеробери.

Има кујна и внатре и летна кујна, опремени со фрижидер, шпорет, микробранова, и секаков прибор.

Вилата има wi-fi и приватен паркинг.

Максималниот капацитет е за 8 лица, ја издаваме целата вилата на една или повеќе фамилии или луѓе што се познаваат меѓу себе, значи имаат максимална интимност.

Тиквешијата е богата со разноразни вина за љубителите на вино, ракија, и сл. Во близина на тивешкото езеро се наоѓа и Полошкиот Манастир, на 10km е градот Кавадарци во кој има музеи на вина, археолошки музеј, градскиот парк со спомен Костурница, доста ресторани, рибни ресторани, винаријата Тиквеш и сл. 

Местото каде што се наоѓа сместувањето е мирно, тивко и интимно, околу е природа со поглед кон езерото. 

Во соседството има викендици.

Сместувањето е после 13:00 часот.

Одјавувањето е во 10:00 часот наутро.

Клучот им го дава сопственикот на вилата кога ги пречекува гостите, а го оставаат исто на сопственикот кога ги испраќа гостите.

Не е дозволен е влез на домашни миленици. Вилата има простор за оставање на велосипедите.

Цените се во зависност од тоа колку луѓе ја изнајмуваат вилата, и се од вечер. 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Robert Jakovleski

    06.08.2024 08:39

    Dali e slobodno 24-25 edno nokjevanje za 8 lugje i koja ke bide cenata?

  • Danche Marackova

    12.05.2024 12:12

    Sakam da prasam dali na 29/30 juni za edna vecer e slobodna vilata za izdavanje i dali bi mozelo da se stavi plus krevet bidejki sme 9 devojki

  • Slobodanka Krsteva

    12.08.2022 14:25

    Dali e slobodna vilata od 19 do 21 avgust?

  • Ani

    04.08.2022 22:19

    Vilava spored cenata kako da e vo Tunis, a ne na Tikvesko

  • Zoran Rusevski

    01.07.2022 20:54

    Samo da prasam Dali vie gi razbirate parite ???