Модерен апартман со две спални во Кавадарци – приватен паркинг и тераса во близина на кејот
2,600.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на цел апартман
- Цената може да биде повисока за празници и ек на сезона
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Модерен апартман со две спални во Кавадарци – приватен паркинг и тераса во близина на кејот. местувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор по писмен пат со вкупна цена. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Локација
Апартманот се наоѓа на ул. „Ѓорѓи Соколов“ бр. 134 во
Кавадарци, во урбанизирана, но мирна градска област со лесен пристап до
сите потребни содржини.
Во непосредна близина се наоѓа и пешачката патека покрај
градскиот кеј на реката Луда Мара, што им овозможува на гостите пријатни
прошетки за време на престојот.
Капацитет и распоред
Станува збор за модерно уреден трособен апартман,
составен од:
- дневна
соба
- спална
соба со брачен кревет
- спална
соба со 2 поединечни кревети
- комплетно
опремена кујна
- купатило
- тераса
Максималниот капацитет за сместување е 4 гости.
Апартманот е погоден за семејства, два пара, деловни гости и
помали групи кои бараат комфорно сместување во Кавадарци.
Спални соби
Првата спална соба располага со брачен кревет и
директен излез на терасата.
Втората спална соба располага со:
- 2
поединечни кревети
- голем
плакар
- директен
излез на терасата
Вкупно на располагање има 3 кревети – 1 брачен и 2
поединечни.
Дневен престој
Дневната соба е модерно уредена и располага со:
- голема
софа за седење
- клуб-маса
- ТВ-комода
- 4K
телевизор
- Wi-Fi
интернет
- директен
излез на терасата
Просторот е уреден за удобен престој и одмор и е
функционално поврзан со останатиот дел од апартманот.
Комплетно опремена кујна
Апартманот располага со нова, модерна и целосно опремена
кујна.
На гостите им се достапни:
- фрижидер
- фурна
- плотна
за готвење
- аспиратор
- еспресо
кафемат
- електричен
бокал за топла вода
- комплетен
прибор за подготовка на храна
Кујната овозможува самостојна подготовка на оброци и го
прави апартманот практичен и за подолги престои.
Тераса
Апартманот располага со тераса до која има пристап од
повеќе простории, вклучувајќи ги спалните соби и дневниот престој.
Приватен паркинг
За гостите е обезбедено едно приватно паркинг место.
Во рамки на приватниот затворен паркинг има и простор за
оставање велосипеди.
Што има во околината?
Локацијата е практична како за туристички, така и за деловен
или подолг престој во Кавадарци.
Во близина се наоѓаат:
- ресторани
- пицерии
- маркети
- болница
- пешачка
патека покрај реката Луда Мара
- трговски
центар во изградба
Соседството е мирно и тивко, а сепак овозможува брз
пристап до потребните градски содржини.
Кавадарци и винскиот регион
Престојот во Кавадарци е добра можност и за запознавање со
винската традиција на Тиквешкиот регион.
Во Кавадарци и околината има бројни семејни винарии,
каде посетителите може да се запознаат со локалната традиција на производство
на вино и ракија.
Пријавување и одјавување
Check-in: флексибилно, по претходен договор
Check-out: до 11:00 часот
Клучот од апартманот се подига од локација која
домаќините ја потврдуваат однапред со гостите.
Постелнина и пешкири
На гостите им е обезбедена чиста постелнина и пешкири, а во
апартманот има и резервна чиста постелнина и пешкири кои им се достапни за
време на престојот.
Греење и ладење
Греењето и ладењето во апартманот се регулираат преку инвертер
клима уред.
Домашни миленици
Во апартманот не се дозволени домашни миленици.
ЛОКАЦИЈА