Романтична дрвена куќа на 10 минути од ски жичарата до Јахорина

Bosna & Herzegovina
Цена од:

6,765.00 ден

Можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 4
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цената за наем на цела куќа варира во зависност од бројот на гости и бројот на ноќевања
  • Основна цена за зимски период од декември од март е 110 евра за наем
  • Останатите месеци цената е 55 евра од ноќ за наем
  • Греење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Ова извонредна планинска градба се наоѓа во населбата Раковац или на 10 минути возење со кола до ски центарот Равна Планина која е стартната точка на гондолата до Јахорина. Да ве привлече ова сместување, треба да знаете дека се наоѓа на само 18 минути возење до срцето или строгиот центар на Сараево. Што ви дава идеална можност преку ден да уживате на ски терените, а ноќта да прошетата и да го истражите Сараево.

Викендицата се наоѓа на 2 спрата. Опремена е со кујна, има брз Wi-Fi кој ви овозможува работа “од дома“.

Викендицата има две соби, а од кревети има еден кревет за 2 лица, два одвоени кревети и еден тросед на развлекување.

Кујната во викендицата е опремена за 6 лица.

Викендицата има брз Wi-Fi.

Викендицата има приватен паркинг простор резервиран за гостите.

Максимален капацитет на гости е до 6 лица.

Викендицата се наоѓа на видиковец помеѓу планинскиот венец Романија, Јахорина и Требевица, а одалечено е 3 километри од Пала. Брдото нуди интимност, а во овој предел има само викендици кои се издаваат, а во една од викендиците има рецепција која служи за сите викендици кои што се издаваат.

Check in: 13:00 до 24:00 часот
Check out: 11:00
часот

Клучот се подига од одговорно лице од кое добивате контакт по извршената резервација и кој ги чека гостите пред објектот.

Постелнината и пешкирите може да се менуваат по потреба на гостите или на секои 2 дена.

Сместувањето дозволува влез на домашни миленици но со претходен договор и најава.

Сместувањето има простор за остава на велосипеди.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување