Апартман во Гевгелија (на подолг период)
40,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената е за наем на апартманот за цел месец со вклучени сметки
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартман во Гевгелија за подолг престој. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Апартманот се наоѓа
на ул. Браќа Миладинови, бр.27, Гевгелија.
Истиот се издава
само на подолг период, минимум 60 дена (2 месеци).
Апартманот располага со дневен престој, кујна, трпезарија,
спална соба со брачен кревет и тоалет.
Станува збор за нов апартман којшто е целосно опремен, има
кабловска телевизија, интернет, два клима уреди, приватен паркинг и двор кој
што им е на располагање на гостите за релаксација.
Кујната е целосно опремена, има фрижидер, рерна, шпорет,
како и машина за садови.
Има стабилна интернет конекција. што го прави погодно место
за лица коишто работат од дома.
Има
приватен паркинг.
Максимум може да се сместат 5 лица.
Апартманот се наоѓа на 50 метри оддалеченост од манастирот
Свети Спас, во мирно и фамилијарно населено место на само 5 минути пеш од
центарот на Гевгелија, а во близина има и маркет Солун 53.
Апартманот се
наоѓа во непосредна близина од центарот на Гевгелија, каде се лоцирани голем
дел од рестораните и кафе-баровите како што се Пицерија УНО, ресторан Елени,
Cafe &restaurant Enjoy и многу други, а на само неколку минути возење со
автомобил во близина се и Негорски бањи(4.5 км), ресторан Јавор (3.3 км),
Дојран (30 км), Кожуф (26 км) и Смрдлива Вода (25 км).
Check in е во 14:00 часот
Check out е во 11:00 часот.
Клучот од апартманот на гостите ќе им биде предаден од
сопствениците.
Постелнината се менува на една недела.
Апартманот се издава само за подолг престој, најмалку на 60
дена (2 месеца), а цена за изнајмување од месец е 40.000 денари со вклучени
сметки (650 ЕУР).
Сместувањето не
дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има
простор во самиот двор за остава на велосипеди.
Има еден брачен кревет за 2 лица во спалната соба, а по
потреба има уште две дополнителни легла во дневниот престој како и плус уште
еден единечен кревет.
Греење и ладење е обезбедено со 2 клима AC уреди.
ЛОКАЦИЈА