Вила Магдалена
1,200.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем
- Клима
- Паркинг
- WI-FI
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вила Магдалена се наоѓа во центарот на Гевгелија, располага со два апартмани и две трокреветни соби.
Во едниот апартман има два брачни кревети и една софа, во другиот апартман има три поединечни кревети и една софа.
Едната трокреветна соба има брачен кревет+ поединечен кревет, додека другата соба има брачен кревет+ софа.
Секоја соба/апартман располага со смарт телевизор, интернет, мини бар, клима, апарати за кафе и чај, сопствено купатило и обезбеден паркинг простор со видео надзор.
Двата апартмани располагаат со комплетно опремени кујни. Максималниот капацитет е за 17 лица. Во околината се наоѓаат маркети (Кам, Тобако лени, Солун 53) ресторани (Боко, Бакарди, Елени, Енџои), Казино Магнум, Тајм аут кафе. Времето за сместување е од 14.00 часот, а за одјава од 12.00 часот. Клучот се подига од самата локација со претходна најава. Доколку лицата останат повеќе денови, постелнина се менува на 5 дена.
Цените за еднодневен престој се следниве:
Двокреветна соба 900 денари;
Трокреветна соба 1200 денари;
Апартман за 2 лица (кујна,дневна и спална) 1200 денари;
Апартман за 3 лица (кујна, дневна и спална) 1400 денари;
Апартман за 4 (кујна, дневна и спална) 1500 денари
За подолг престој следува 20% попуст.
ЛОКАЦИЈА