Вила во падините на планината Галичица: Охрид

Ohrid
Цена од:

3,075.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила од ноќевање
  • Идеална за фамилија или со најблиските
  • ТВ
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна
  • Wi-Fi

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 12:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вилата се наоѓа во падините на планина Галичица во околината на Охрид на 960 метри надморска височина. Таа е опкружена со шума и пасишта во чиста еколошка средина.

Вилата располага со 2 соби, од кои едната е спална соба, дневна соба со кујна и купатило.

Кујната е целосно опремена да одговара на потребите на гостите. Креветите се поединечни за 3 лица или две возрасни и две деца.

Располага со ТВ, греење, камин на дрва. Вилата има двор со можност за скара и бавча за градинарење.

Вилата нема Wi-Fi.
Поседува приватен паркинг за 3 коли. Максималниот капацитет е за 4 лица. Покрај асфалтираниот пат има и неасфалтиран пат кој води до градот и нуди одлична можност за велосипедизам и пешачење. Заради добрата местоположба до вилата имате пристап во текот на цела година.

Преку лето ноќите се свежи и преставува идеално место за одмор и релаксација. ВО близина се наоѓа црквата св. Илија која може да ја посетите, а во селото се наоѓа и спомен биста на Јасна Ристеска- хероина која загинала во битката за ослободување на Охрид.

Во близина на вилата се наоѓа и една од првите хидроцентрали во Македонија од каде се има прекрасна панорама кон Охрид и езерото.

Околината на вилата нуди можност за  собирање природни чаеви, мајчина душичка, пчелник, лековити билки, ароматични растенија.

На 100 метри се наоѓа селската чешма со ладна природна вода за пиење, како и место каде може да вкусите македонски традиционални јадења.

Сместувањето е во 12:00 часот
Одјавувањето е во
10:00 часот

Клучот се подигнува на влезот во викендицата од сандаче со шифрарник.

Постелнините се менуваат доколку гостите останат повеќе од 7 дена.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување