Хотел за миленици: Брвеница, Тетово

Tetovo
Цена од:

300.00 ден

Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 8
Кревети : 8
Pet Friendly
Климатизирано
Паркинг
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Најниска цена од ден
  • Цените варираат во зависност до расата, деновите и периодот
  • Погледнете ги цените во опис на текст

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Хотелот се наоѓа во село Брвеница и располага со 8 апартмани за 8 миленици во исто време.

  • Работно време:
    Понеделник до петок
    07:30 – 19:00
    Сабота
    10:00 – 19:00
    Недела и празници
    10:00 – 14:00

Во хотелот може да престојуваат кучиња и мачки

Услови кои мора да ги исполнуваат милениците/гостите:

  • Миленикот мора да е микрочипиран и редовно вакциниран
  • Миленикот мора да е редовно прочистуван од надворешни и внатрешни паразити
  • Миленикот не смее да е инфициран од заразна болест
  • Миленикот не смее да покажува агресија кон луѓе или други животни
  • Сопственикот мора да донесе валидна документација за миленикот (пасош)
  • Миленикот не може да престојува доколку не ги примил/или нема потврда дека ги примил првите puppy/kitten вакцини

Цени:

Имајќи ги предвид безбедноста и удобноста на милениците, како главен фокус на хотелот е да создадат современ престој во кој миленичињата ќе се чувствуваат релаксирано за време на престојот. Токму затоа, Неда вели дека може да сместат до 8 миленици во исто време, а кои ќе престојуваат во сопствени, приватни апартмани.

Во овој хотелможе да престојуваат кучиња и мачки. Бидејќи секој миленик е посебен – сместувањето нуди програма која е специјално дизајнирана според потребите на секој миленик. Сите миленици престојуваат во апартмани кои се под 24/7 надзор преку видео камера, во простории со вентилација и регулирана температура. Внимателно се пристапува кон задоволување на потребите на секој миленик, вклучително и придржување кон одредени рутини за исхрана и физичка активност и администрација на лекарства.

Кучињата имаат пристап кон игротека во затворен простор и игротека (двор) на отворено, каде имаат можност за дружење и социјализација со други кучиња (по желба на сопственикот) под надзор на вработените или можност за самостојна игра и физичка активност.

 Со оглед на тоа што хотелот за миленици е дел од ветеринарна клиника, со високо обучен кадар, милениците освен што имаат 24/7 нега од страна на доктори и техничари по ветеринарна медицина и исто така, имаат и опција за одредени медицински интервенции. Во склоп на клиниката, се наоѓа и груминг салон, па за време на престојот миленикот има опција за дополнителни груминг третмани.


Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување