Агрополог Хотел и Спа: Тетово, Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Агрополог Хотел и Спа: Тетово, Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел и Спа Агрополог е лоциран во село Желино, на 11км од градот Тетово.
Хотелот располага со следниот тип на соби:
- Делукс двокреветна соба
- Стандардна двокреветна соба
- Апартман
- Семејна соба со балкон
Сите соби се модерно опремени со сопствена бања со туш, ТВ со рамен екран, мини-бар, бесплатен Wi-Fi.
Во склоп на хотелот има ресторан во кој се служи разновидна храна приготвена од врвен тим на готвачи.
Хотелот има бар и тераса во кој може да уживаат гостите.
Агрополог нуди фитнес центар.
Спа центарот на хотелот располага со базен, џакузи, сауна, парна бања, центар за масажа.
Во склоп на хотелот има бесплатен приватен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Check-in: 12:00-20:00
Check-out: 08:00-12:00
ЛОКАЦИЈА