Хостел во Маврово, Никифорово
738.00 ден
Вклучено во цена:
- Почнувајќи со цени од 12€ во domitory, па се до 30€ приватна соба со сопствено wc
- Цената варира во зависост од периодот и бројот на ноќевања
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Хостелот располага со вкупно со 20 легла. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Целосно реконструиран двор, реновирани соби, кабелска интернет playstation и останати друштвени игри, на располагање летниковец со скара, бесплатно користење на точаци, користење на спортското игралиште на 15 мин пешки, организирани тури за планинарење и попусти на летниот шанк отворен кај спортскиот центар.
Хостелот располага со вкупно со 20 легла. Една двокреветна соба со брачен кревет која има засебно купатило, две 4 креветни соби со брачен кревет и кревет на спрат и 10 креветна соба со 5 кревети на спрат каде што секој кревет е поделен со преграден ѕид за поголема приватност за гостите.
Секој кревет има безбедносен локер за торбите, ранците и постелнина со пешкири. Купатилата се заеднички и тоа два женски и два машки туша и две женски и две машки вециња.
Со хотелот менаџира истиот тим кој раководи со 4-те бачила + клубот Ратрак во кои се случуваат главните збиднувања во Маврово, што значи дека ќе имате добра услуга и координација.
Гостите располагаат и со заеднички дневен простор од 60м кој е споен со заедничка кујна која што целосно е опремена. Хостелот има кабловска ТВ и Wi-Fi Има и двор со скара и маси за седење.
Бесплатен Паркинг. Доколку останат повеќе од 7 дена се менуваат постелнина и пешкири
Сместувањето е од 14:00-22:00
Напуштање на смештајот е во 12:00 часот
ЛОКАЦИЈА