Апартман во Банско
2,767.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на апартманот во текот на летната сезона за четири лица
- Цените варираат во зависност од бројот на ноќевања и број на лица
- Греење/Ладење
- Wi-Fi/TV
- Паркинг
- Два базени
- Спа
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Апартман во Банско. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Апартманот се наоѓа во туристичката/хотелска област на Банско. Располага со една
спална соба, дневен престој, опремена кујна, купатило.
Во склоп на апартманот гостите имаат на
располагање ресторан, фитнес центар, бар, внатрешен и надворешен базен и сауна.
Апартманот е
идеален за еден или два пара или семејство со две деца. Располага со една спална соба и
дневен престој во кој може да престојуваат две лица на кревет на развлекување.
Апартманот се
наоѓа на почетокот на националниот парк „Пирин“. Одалечен е 1 километар од
центарот на градот и не се наоѓа во градската гужва.
Локацијата е
идеална за да го почувствувате планинскиот воздух и спокојот.
Апартманот е
опремен со се што ви е потребно. Има одлична Wi-Fi конекција што значи дека може да ја замените вашата
канцеларија со привремена канцеларија во Банско.
За оние кои го немаат посетено Банско преку лето, треба да им напоменеме дека ова градче нуди многу активности. Почнувајќи од тури до езерото Муратово, врвот Муратов, езерото Безбог, врвот Вихрен и многу други. За оние кои не се љубители на планинарењето, може да го стартуваат автомобилот и да појдат до колибите на пикник, а на само 200 метри од хотелот имате можност за јавање на коњи или пак недалеку од градот имате можност да ги посетите мечките коишто танцуваат.
Check-in: 14:00 часот
Check out: 09:00-11:30 часот
ЛОКАЦИЈА