Вила со базен и џакузи во Горно Соње
12,300.00 ден
Вклучено во цена:
- 12300 е цена за наем на вилата преку ден
- 15.300 е цена за наем на цела вила за 8 лица од ноќ
- Греење
- Паркинг
- TV/Wi-Fi
- Базен
- Спа дел
Не е вклучено во цена:
- Транспот до сместувањето
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата се наоѓа во викенд населбата Коштан, Горно Соње. Има 3 спални соби со 2 дупли и 2 единечни кревети. Во едната спална соба е еден дупли и еден единечен кревет. Во другата спална соба е брачен лежај и во третата е единечен кревет. Исто така, за сапиење може да се користи софата во дневната соба.
Вилата, вклучително и собите, располагаат со комплетна покуќнина потребна за лагоден престој (чаршави, покривки, пешкири...).
Има 2 внатрешни кујни и е дна летна, надворешна. Едната внатрешна кујна е главна, а другата внатрешна е мала чајна кујна. Надворешната кујна има и скара и ражен. Има wi-fi, IPTV, втор ТВ приемник во една од спалните соби и звучник кој работи на блутут.
Во склоп на куќата има 2 паркинг места, а најблиското место за паркирање повеќе коли е на 50тина метри.
Максималниот капацитет за преноќување е 8 лица.
Од куќата има пат/пешачка патека до селото Г. Соње и до малата црква со убав двор Св. Никола. Оттаму се продолжува по пешачка патека до крстот на Водно, до којшто се стигнува за најмногу 60-тина минути. Патеката до црквата е честопати користена и од страна на велосипедисти кои се љубители на поголеми предизвици.
Околината е типично планинска викенд населба со повеќе куќи во соседството, а во мал дел од нив има постојани жители.
Check in: 12:00 часот.
Check out: 10:00 часот. Секако, флексибилни сме и за двата термина.
Гостите ги дочекува некој од домаќините. Ако останат повеќе од 7 дена се менува постелнината и пешкирите.
Во дворот и најдолните простории дозволуваме домашни миленици. Има простор за велосипеди во предниот дел од дворот.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Pavle Jovanov
25.06.2024 18:39
Za 6 vozRasni i 4 deca za 5 i 6 juli 2noki cena ve molam.
-
Nina Pavkovikj
10.12.2023 21:24
Da prasam kolku bi koshtala za edna vecer, potocno za nova godina?
-
Petar ristov
04.08.2021 19:22
Moze da prasam kolku e za cela vila cenata so bazento sakame privatnos da bideme celo drustvo za 2 do 3 veceri