Вила со базен во Горно Коњари, Петровец
7,200.00 ден
Вклучено во цена:
- Потенцираната цена е цена за наем на вилата за 2 лица, за секое дополнително лице се доплаќа 800 денари.
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркигн
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Вилата се наоѓа во село Горно Коњари, на 50 метри од реката Пчиња, во општина Петровец. Погледнете ја цената во опис и доколку сакате да резервирате испратете барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете потврда на мејл. Практикувајте барања по мејл.
Вилата има дневен престој, кујна и купатило кои се наоѓаат
на приземје како и две соби кои се користат за спиење и се на вториот спрат од кои едната е спална соба
со брачен кревет, додека другата соба има три единечни кревети. Дневната соба има пристап
до надворешен базен, игралиште за фудбал и пинг понг, а другиот дел од дворот
располага со летна кујна која е опремена како и фурна на дрва и скара на дрва.
Вилата има камин на дрва на долниот кат и клима уред на
горниот кат, а греењето може да се комбинира и на струја со панел.
Кујната која е во склоп на двевниот престој е опремена со
шпорет, фрижидер и прибор.
Вилата има Wi-Fi.
Вилата има
приватен паркинг.
Максималниот капацитет за престој во вилата е од 5 до 7 лица.
Соседството е
мирно и иделано за одмор.
Во околината има
само 2 викендички.
Check in: Флексибилно
Check out: Флексибилно
Клучот се подига
од самата вила од домаќините.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици и има простор за остава на велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Зерина Рамиќевиќ
09.07.2024 17:57
Дали би можеле да ја изнајмине на 1 ден од 15:00 до 00:00 за 16 души? Датумот е 17.07 и ова би било за потребите на организирање на работен евент. Плаќањето би било на фактура.
-
Филип Анастасов
11.06.2023 11:08
Прекрасна вила во Горно Коњари, кога стигнавме таму, останавме забезекнати од тоа колку е средено, чисто и одржано. Преудобно и одлично за приватни собиранки, или за група на луѓе што сакаат да се избањаат во базенот. Во вилата имаше се што ни е потребно дури и повеќе. Сопствениците префини и прекултурни. Повторно би дошле, дури и за подолго. 10/10