СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила во прекрасна природа на Суви Лаки

Berovo
Цена од:

3,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена од ноќевање за 4 лица
  • Греење на парно на дрва
  • Паркинг
  • Wi-Fi
  • Крпи
  • Постелнина
  • Зеленчук (Во текот на летото)

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата на Суви Лаки можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 4
Check In : 14:00
Check Out : 11:00
Pet Friendly
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

ВИЛАТА ВО МОМЕНТОВ НЕ СЕ ИЗНАЈМУВА! ИМАТЕ ОПЦИЈА ДА ЈА ИЗНАЈМИТЕ ВИЛА ПРЕВЕДЕНА 1 ВО СУВИ ЛАКИ


Вила Преведена 2 се наоѓа помеѓу Струмица и Берово 20км и од двата града, блиску до викенд местото Суви Лаки на 1200 метри надморска висина.

Вилата е за четири лица, се издава и само за две лица и не се дели со други.

Во вилата има комплет опремена кујна со се, секогаш има чисти крпи и постелнини. Постелнините се менуваат при подолг престој.

Има една спална соба со брачен лежај и една спална соба со два единечни кревети и тоалет.

Wifi има, TV има, одлична мобилна мрежа.

Греењето е со парно на дрва. Дрва и топла вода има секогаш.

Нема никој во соседството, вилата е изолирана. Нема маркет во близина.

Летната сезона има зеленчук.

Часот за сместувањеи напуштање на вилата се одредува индивидуално при резервацијата.

Гостите ги сместува одговорно лице кое ги запознава со околината и со вилата. Клучот од вилата се подига и враќа кај него.
Плаќањето се врши кај самото лице. 

Вилата е пет френдли.

Располага со огромен двор.

Активности: пешачење и возење велосипед, искачување до врвот Џами Тепе, посета на водопдите на Суви Лаки, во близина е туристичкиот комплекс Бела Вода.

Патот до вилата е прооден и одличен за секаков вид на моторно возило.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Daniela Dimovska

    28.08.2022 22:14

    Prekrasno pominata edna nedela, shto i da kazam nemozam da dolovam, mora da se oseti i dozivee, toj mir i taa tishina nemozat da se opishat so zborovi, e toa e neshto shto nema cena. Vilata uredno sredena i cista shto e najbitno, za domakinot nemame zborovi, prijaten i pozitiven gospodin od koj shto ima mnogu da se nauci, covek so golemo srce. Prva prilika povtorno sme tamu, vi blagodarime za se od srce i veke ni nedostasuva se od tamu!