НОВО

ЈОГА СО ЈОРДАН – СВЕСНА ПРАКСА И ПОВРЗУВАЊЕ СО ПРИРОДАТА

Резервирајте јога искуство со Јордан. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цената зависи од вашето барање и насоки

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Јас сум Јордан, јога инструктор со активна и континуирана пракса и силна посветеност на холистичкиот пристап кон јогата. Активно водам јога часови и имам сопствено јога студио, каде што редовно се практикува јога во нејзината целосна и автентична форма.

ХАТА ЈОГА ПРАКСА

Мојата работа се темели на Хата јога, која вклучува:

  • асани (јога пози),
  • пранајама (дишни техники),
  • медитација,
  • свесно и контролирано дишење.

Практиката е прилагодена и за почетници, но нуди и продлабочување за поискусни практичари, со фокус на свесност, стабилност и внатрешна рамнотежа.

ЈОГА ИСКУСТВА ВО ПРИРОДА

Посебно ми е блиска идејата за јога искуства во природа, каде што практиката добива подлабока димензија и автентично поврзување со просторот, телото и моментот.

Верувам дека ваквиот концепт:

  • создава силно и значајно искуство,
  • овозможува вистински одмор за умот и телото,
  • ја претставува македонската природа преку свесни и холистички доживувања.

ФИЛОЗОФИЈА И ПРИСТАП

Мојот пристап е мирен, присутен и поддржувачки, со цел секој учесник да се почувствува безбедно, прифатено и мотивирано да ја истражи сопствената пракса.

Јогата за мене е алатка за:

  • подобро физичко здравје,
  • ментална јасност,
  • подлабоко самопознавање.

ОТВОРЕНОСТ ЗА СОРАБОТКА

Со задоволство изразувам интерес:

  • организирани јога настани,
  • јога искуства во природа,
  • холистички и wellness активности.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар