ЈОГА СО СИЛВАНА – ДЛАБОКА ПРАКСА, СВЕСНОСТ И ЛИЧЕН РАСТ
Резервирајте јога искуство со Силвана. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Групна сесија – 60 минути
- 3.000 денари (група до 10 лица)
- Групна сесија – 90 минути
- 4.000 денари (група до 10 лица)
- Цената може да варира во зависност до вашето барање
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Јас сум Силвана Николовска, сертифицирана јога инструкторка по Hatha, Aerial, Hasya и Yin Yoga, со долгогодишна посветеност на јогата како начин на живот, личен развој и внатрешна трансформација.
20 години лична пракса
15 години активно предавање
Низ годините постојано ја продлабочував својата пракса и знаење во различни јога дисциплини, што ми овозможи да развијам уникатен пристап кој ги спојува традицијата, свесноста и современите техники за работа со телото и умот.
СТИЛОВИ НА ЈОГА
Работам со повеќе јога стилови, прилагодени на различни потреби и нивоа:
Hatha Yoga – стабилност, сила и баланс
Aerial Yoga – леснотија, поддршка и радост во движењето
Hasya Yoga – смеа, ослободување и позитивна енергија
Yin Yoga – длабоко опуштање, смирување и внатрешна тишина
ПРИСТАП И ФИЛОЗОФИЈА
Преку моите часови и предавања:
ги поддржувам луѓето да развијат поголема свесност за себе,
да ја зајакнат врската со сопственото тело,
да создадат внатрешен простор за личен раст.
Ги охрабрувам учесниците да се почитуваат себеси, да се сакаат и да си веруваат, да ја откријат својата автентичност и внатрешна сила.
ИСКУСТВО ПО СЕСИИТЕ
По секоја сесија, учесниците често заминуваат:
среќни и насмеани,
физички пофлексибилни и опуштени,
или длабоко смирени и одморени,
со чувство дека некој навистина се погрижил за нив – телесно, емоционално и ментално.
СЕСИИ И ЦЕНИ
Групна сесија – 60 минути
3.000 денари (група до 10 лица)Групна сесија – 90 минути
4.000 денари (група до 10 лица)
Цените не вклучуваат патни трошоци доколку сесијата се одржува надвор од Битола.
ОТВОРЕНОСТ ЗА СОРАБОТКА
Со радост соработувам на:
организирани јога настани,
холистички и wellness активности,
проекти поврзани со јога и личен развој.
ЛОКАЦИЈА