ЈОГА СО ГОРДАНА – ДОЛГОГОДИШНА ПРАКСА, СТРУЧНОСТ И РАЗНОВИДЕН ПРИСТАП

Yoga instructors in Macedonia Цена од:

9,225.00 ден

ЈОГА СО ГОРДАНА– ДОЛГОГОДИШНА ПРАКСА, СТРУЧНОСТ И РАЗНОВИДЕН ПРИСТАП. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • ЦЕНИ (ИНФОРМАТИВНО)
  • • 2 часа јога активност
  • (2 × 75 минути)
  • • група од 5 лица
  • 150 евра – без дополнителна опрема
  • 200 евра – со обезбедена јога опрема

Не е вклучено во цена:

  • Во цената не се вклучени транспорт, ноќевање и оброци надвор од Скопје.

Јас сум Гордана, јога инструкторка од Скопје, со длабока, континуирана и посветена јога пракса која трае повеќе од две децении.

23 години лична јога пракса
 Активно држење јога часови од 2016 година

Мојата работа е насочена кон квалитетна, свесна и безбедна јога практика, прилагодена на различни потреби, нивоа и животни фази.

ОБРАЗОВАНИЕ И СЕРТИФИКАЦИЈА

Имам завршено Академија за јога инструктори во Белград, Република Србија, со интензивна и темелна програма во времетраење од 8 месеци, која вклучуваше:

  • 18 испити,
  • 2 семинарски трудови,
  • дипломска работа,
  • практичен и теоретски испит пред комисија.

Ова образование ми овозможи цврста теоретска и практична основа за работа со различни типови практичари.

СТИЛОВИ НА ЈОГА И ПРАКСА

Држам и комбинирам повеќе стилови на јога, во зависност од потребите на групата или поединецот:

  • Хата јога
  • Интегрална јога
  • Јин јога
  • Терапевтска јога
  • Винјаса јога
  • Почетна Аштанга јога
  • Медитации и техники за смирување и фокус

Овој разновиден пристап овозможува часовите да бидат:

  • адаптибилни,
  • функционални,
  • со јасна цел – подобро здравје, стабилност и внатрешна рамнотежа.

ПРИСТАП И ФИЛОЗОФИЈА

Мојата јога филозофија се темели на:

  • постепен и свесен напредок,
  • почит кон телото и неговите граници,
  • интеграција на јогата во секојдневниот живот.

Верувам дека јогата е многу повеќе од физичка пракса – таа е алатка за саморегулација, личен раст и подобра врска со себе.

ЛОКАЦИЈА И ДОСТАПНОСТ

Базирана сум во Скопје, но можам да покривам:

  • територија на цела Македонија,
  • ангажмани надвор од државата – по договор.

Патни трошоци, сместување и оброци надвор од Скопје се на товар на организаторот.

ОПРЕМА

По потреба, обезбедувам дополнителна јога опрема:

  • јога постелки (матови),
  • јога циглички,
  • јога каиши,

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар