ЈОГА СО ГАБРИЕЛА – КОНТИНУИТЕТ, ПОСВЕТЕНОСТ И ПРАКСА ВО ЗАЕДНИЦАТА

Yoga instructors in Macedonia Цена од:

300.00 ден

ЈОГА СО ГАБРИЕЛА – КОНТИНУИТЕТ, ПОСВЕТЕНОСТ И ПРАКСА ВО ЗАЕДНИЦАТА. Резервирајте јога искуство со Габриела. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цената за еден час (60 мин) е 300 ден од практикант.
  • Цената за еден час (60-90 мин) е 450 ден од практикант
  • Цената за еден час (90-120 мин) е 600 ден од практикант.
  • Без јога реквизити

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Јас сум Габриела, јога инструкторка од Скопје, со стабилна и континуирана пракса која се развива повеќе од една деценија и со активно присуство во јога заедницата.

Сертифицирана јога инструкторка од декември 2017 година
Активно држење јога часови од март 2018 година

Од самиот почеток, мојата цел е јогата да биде достапна, практична и применлива во секојдневниот живот, без разлика на возраста, физичката подготвеност или претходното искуство.

ИСКУСТВО И РАБОТА

Низ годините сум работела во различни формати и услови:

  • редовни јога часови во живо,
  • онлајн часови за време на ковид периодот,
  • јога практики на отворено, вклучително и во Парк-шума Гази Баба.

Во моментов, часовите ги одржувам во Домот на култура во Автокоманда, каде што се гради стабилна и поддржувачка група на практичари.

ПРИСТАП И ФИЛОЗОФИЈА

Мојот пристап кон јогата е пред се спиритуален. Фокусот е на здивот, на присутноста и себеистражувањето. Исто така особено внимание посветувам на прилагодувањето на асаните (јога положбите) на природните предиспозиции на практикантот. На часовите се практикуваат различни медитативни техники меѓу кои посебно место завзема мантра медитацијата, во зависност од интересот на групата.

Верувам дека јогата не е само физичка активност, туку алатка за подобра концентрација, внатрешен мир и поголема свесност во секојдневието.

Часовите се погодни и за почетници, но нудат и доволно длабочина за оние што сакаат континуирана и редовна пракса.

ЛОКАЦИЈА И ДОСТАПНОСТ

Базирана сум во Скопје и во моментов часовите ги одржувам во Скопје.
Отворена сум за различни формати на соработка во рамки на градот, зависно од организацијата и концептот.

ОТВОРЕНОСТ ЗА СОРАБОТКА

Отворена сум за соработка за:

  • организирани јога часови,
  • групни активности,
  • јога практики на отворено,
  • настани во заедницата и културни простори.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар