ЈОГА СО МАЈА – ИСКУСТВО, ЉУБОВ И СВЕСНО ЖИВЕЕЊЕ

Yoga instructors in Macedonia Цена од:

6,000.00 ден

ЈОГА СО МАЈА – ИСКУСТВО, ЉУБОВ И СВЕСНО ЖИВЕЕЊЕ. Резервирајте јога искуство со Maja. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • ИНФОРМАТИВНА ЦЕНА
  • 2 часа јога активност
  • група од 5 лица
  • Приближна цена: 6.000 денари (без моја опрема)\

Не е вклучено во цена:

  • Во цената не се вклучени трошоци за пат и сместување – истите ги обезбедува ангажирачката страна.

Јас сум Маја, јога инструкторка од Скопје, со длабока и долгорочна посветеност на јогата како пракса за телото, умот и секојдневниот живот.

13 години лична јога пракса
8 години искуство како јога учител

Сопственик сум на јога студио во Скопје, каде што редовно ги одржувам моите часови, но воедно сум отворена за соработка и одржување на јога активности и надвор од Скопје, во зависност од концептот и организацијата.

 ЈОГА ПРАКСА И СТИЛОВИ

Практикувам и предавам повеќе стилови на јога, а пристапот ми е топол, поддржувачки и прилагоден на индивидуалните потреби на практичарите.

Со многу љубов го пренесувам целото мое знаење на:

  • луѓе кои сакаат да направат позитивни промени во својот живот,
  • оние кои бараат релаксација и ослободување од стрес,
  • како и на сите што сакаат да стекнат алатки за посвесно и побалансирано живеење.

ПРИСТАП И ФИЛОЗОФИЈА

Мојата цел е преку јогата да создадам:

  • безбедна и пријатна средина,
  • простор за поврзување со телото и здивот,
  • чувство на мир, стабилност и внатрешна јасност.

Секој час е покана за враќање кон себе – без притисок, со почит и внимание.

ОПРЕМА ЗА ВЕЖБАЊЕ

Располагам со целосна јога опрема:

  • јога простирки (јога матови),
  • јога блокчиња,
  • каиши,
  • ќебенца.

Цената се формира во зависност од тоа дали се користи моја опрема или не.


ОТВОРЕНОСТ ЗА СОРАБОТКА

Отворена сум за соработка за:

  • организирани јога часови,
  • групни активности,
  • wellness настани,
  • јога искуства надвор од студио.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар