ХРИСТИНА ЈОРДАНОСКА: ИНСТРУКТОРКА ПО ЈОГА И ВОДИЧ НИЗ ПЛАНИНСКИТЕ УБАВИНИ
3,000.00 ден
Резервирајте јога искуство со Христина на Галичица и Јабланица - Охридско Струшки регион. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Рид Олмец с. Велгошти Охрид – времетраење 4-5 часа –цена 6.000 денари до 10 лица
- Велестово Охрид – времетраење 4 часа - цена 6.000 денари до 10 лица
- С. Горна Белица – врв Црн Камен – Вевчанска Локва – времетраење 6-7 часа цена 9.000 денари до 10 лица
- С. Тресонче Маврово – Тресонечки водопад – 4 часа цена 8.000 денари до 10 лица
- Јога часови на отворено во Охридско-струшкиот регион – времетраење 90 мин - 3.000 денари до 10 лица
- Може да организираме и јога и хајкинг тури на ваш предлог доколку имате друго омилено место, планина, село во југозападниот дел од Македонија.
- Цената зависи од локацијата и времетраењето на настанот.
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
- Храна и пијалоци
- Лични трошоци
- Опрема
Христина е сертифицирана јога инструкторка со десетгодишно искуство во личниот развој и осумгодишна активна пракса во предавање јога. Нејзиниот пристап е интегрален, со фокус на Хата, Терапевтска и Крија Хата јога, но она што ја прави посебна е нејзината способност да ја пренесе јога праксата надвор од студиото – директно во срцето на природата.
За Христина, планините не се само дестинација, туку простор за длабока лична трансформација. Својата љубов кон хајкингот и свесното движење ја преточува во уникатни искуства кои ги нуди на сите оние кои бараат баланс, здравје и виталност.
Специјалности и вештини:
Јога стилови: Хата јога, Терапевтска јога, Крија Хата и Интегрална јога.
Активности на отворено: Организација на јога и хајкинг тури за домашни и странски посетители на Галичица и Јабланица - Охридско Струшки регион.
Личен развој: Техники за свесност, медитација и работа на внатрешен фокус.
Зошто да вежбате со Христина?
Нејзината посветеност започнува уште во пет часот наутро со лична пракса, што и овозможува да пренесе автентична и смирена енергија на своите ученици. Најголемата вредност на нејзините часови и тури е видливата промена кај учесниците – од секојдневниот стрес до состојба на радост, свежина и внатрешен мир.
Достапност
Христина ги организира своите јога и хајкинг тури најчесто за време на викендите, а постои можност и за термини по претходен договор.
ЛОКАЦИЈА