ЈОГА СО СОФИЈА – СВЕСНА ПРАКСА ВО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА
Резервирајте јога искуство со Софија. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.
Вклучено во цена:
- Цената зависи од вашите барања
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до локацијата
Јас сум Софија, сертифицирана јога инструкторка со современ, топол и пристапен стил на работа. Моето јога патување започна во 2017 година, а во април 2025 година станав официјално сертифицирана јога инструкторка.
На почетокот држев часови во јога студио во Скопје, а од август
имам и сопствено, официјално регистрирано јога студио, каде што се гради
стабилна и поддржувачка јога заедница.
ЛОКАЦИЈА И ДОСТАПНОСТ
- Живеам
во Општина Петровец, а моите часови редовно ги посетуваат
практичари од:
- Илинден
- Колонија
- Р’жаничино
- Петровец
- Достапна
сум за активности во овој регион, како и пошироко во Скопскиот регион,
зависно од типот на настанот и организацијата.
ЈОГА ПРАКСА И
ПРИСТАП
- Мојата
работа е насочена кон:
- свесно
движење,
- правилно
и безбедно изведување на пози,
- создавање
пријатна атмосфера за учење и опуштање.
- Часовите
се прилагодени и за почетници, но нудат и можност за постепено
продлабочување на праксата.
ОПРЕМА И ОРГАНИЗАЦИЈА
Располагам со целосна јога опрема, вклучувајќи:
- јога
матови,
- јога
блокчиња,
- каишчиња,
- ќебиња,
- перничиња
за колена.
- Цената
се формира според повеќе фактори, како што се:
- трошоци
за превоз (гориво или такси),
- користење
на реквизити за вежбање,
- број
на учесници и времетраење на активноста.
ИНФОРМАТИВНА ЦЕНА
- Со груба
пресметка, цена за:
- 2
часа јога активност
- група
од 5 лица
- изнесува
околу 2.000 денари.
- (Цената
е информативна и може да варира во зависност од условите и локацијата.)
ФИЛОЗОФИЈА
- Мојата цел е да создадам безбедна, топла и поддржувачка средина, каде што секој практичар ќе може да се поврзе со сопственото тело, здив и моментот – без притисок и со почит кон личните граници.
Отворена сум за соработка за:
- локални
јога настани,
- групни
часови,
- јога
искуства во заедницата и природата.
- Со
задоволство очекувам можност за понатамошна комуникација и заеднички
активности.
ЛОКАЦИЈА