НОВО

ЈОГА СО МАРИЈА – ИСКУСТВО, АВТЕНТИЧНОСТ И ВДЛАБОЧЕНА ПРАКСА

Резервирајте јога со Марија. За да добиете понуда од инструкторот, треба да испратите барање со селектирање на датумот на кој сакате да се реализира и да очекувате одговор на мејл, смс и вибер во текот на денот. Практикувајте писмена резервација бидејќи така е побезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цената варира во зависност од вашето барање

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до локацијата

Здраво, јас сум Марија, јога инструктор и едукатор со повеќедецениско искуство и длабока посветеност на автентичната јога пракса.

21 година лична пракса
18 години активно држење часови
9 години едукација и обука на нови јога инструктори

Јас сум сертифицирана во Индија, лиценцирана од Индиската јога алијанса, а воедно сум и нивни официјален амбасадор за регионот. Водам лиценцирана школа за обука на јога инструктори, каде што знаењето се пренесува со почит кон традицијата, но и со современ, применлив пристап.

ЛОКАЦИИ И АНГАЖМАНИ

Редовно држам часови и обуки во Скопје, а досега сум имала активности и во:

  • Прилеп
  • Охрид
  • Битола
  • Радика и Маврово (повремено)

Најмногу одговараат ангажмани во близина на овие региони, но отворена сум и за соработка во други локации, зависно од концептот и условите.

ЧАСОВИ, РАБОТИЛНИЦИ И ОБУКИ

Важно е да се направи разлика помеѓу форматите:

  • Час или кратка работилница
    Траење: околу 2 часа
    Цена: 6.000 денари за група до 5 лица
    (цената е за активноста, без моја опрема)
  • Обуките за јога инструктори
    Не можат да се одржат во краток формат – тие се детални, структуирани и бараат подолг временски ангажман
    За вакви активности се креира посебна понуда

Цените не вклучуваат патни трошоци или сместување доколку активноста е надвор од Скопје и трае повеќе од еден ден.

ПРИСТАП И ФИЛОЗОФИЈА

Мојот пристап е комбинација од:

  • традиционално јогиско знаење
  • современо разбирање на телото и умот
  • безбеден и свесен начин на практикување

Секој час, работилница или обука е создадена со цел вистинско искуство, личен развој и долгорочна вредност.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар