Гостилница: На валајци

Каде во Демир Хисар Разговарај на Viber Јави се на телефон

Контакт за резервација: 078 416 945

Селцето се наоѓа на околу 800 метри надморска височина, опколено со густа дабова шума од Плекенската планина и одличен терен за есенски прошетки и фотографирање на златните бои на есента.

Есента има свој специфичен мирис. Доколку одлучите да го посетите селото, наш совет е пешачете подолго време во природа, како би го почувствувале мирисот на свежиот планински воздух и паднатите лисја.

По завршувањето со прошетката, нашиот тим ви препорачува да ја посетите гостилницата „На валајци“, која е правото ехо на минатото за валавиците и водениците.

Гостилницата е изградена во карактеристичен македонски етно стил, а во комбинација со природата ќе ви помогне да заборавите на проблемите и стресот. Овде поминува „Бела Река“, нејзиниот шум додека вие уживате во гостилницата ќе го надополни задоволството.

Она што е уникатно за гостилницата е силното гргорење на водата од Бела Река која паѓа од високо, по две букови цевки, влегувајќи во вртолог кој води до селото.

Ваквите валавици и воденици се изградени во 19-ти век и имале намена да валање на јамболии. Во тогашното време валањето се правело за ресата од ткаената јамболија да се развласи и да се стегне. Денеска домаќините на гостилницата велат дека валавицата во нивната гостилница е останата како примерок кој сведочи за традицијата и начинот на живот од пред втората светска војна.

Во Ресторанот може да вкусите свинско и јагнешко печено во фурна на дрва како препорака од тимот на Кајак.мк

Контакт: 078 416 945

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар