Ресторан Бабино

Каде во Демир Хисар Разговарај на Viber Јави се на телефон

Ресторан Бабино Контакт: 047 271 800

Дали сте го посетиле етно ресторанот Бабино?

Денеска во базата на Кајак осамна уште еден уникатен етно ресторан во селото Бабино, Демир Хисар! Прекрасно место кое мора задолжително да го посетите. Комплексот „Бабино“ опфаќа површина од 15 000 квадратни метри од кои 2500 метри квадратни се водена површина, опколена со мала зоолошка градина, езерца за одгледување речна пастрмка и тревник.

Домаќинот Филип кој ги отвори вратите за светот на Кајак вели дека водата во изворот Бабинска Река што ја користи и рибникот е со константна температура од 12 степени целзиусови во текот на целата година (лето и зима), што е идеално за одгледување на калифорниска пастрмка.

Ова место во една од најчистите еколошки територии во нашата земја, исполнето со зеленило на недопрена природа, извори на пивка вода, чист воздук, инспиративен мир кој Ви нуди прекрасни специјалитети од скара и риба надополнети со прекрасна природа и амбиент.

За оние кои не знаат каде се наоѓа селото Бабино, ова село се наоѓа на патот помеѓу Демир Хисар и Гостивар, а гостите можат да престигнато со секакви возила.

Комплексот постои од 1996 година и е првиот ресторан од ваков вид во нашата земја. Од напуштен рибник и една барака прерасна во комплекс со големо реноме.

Во ресторанот може да се сретнат гости од целиот свет поради специјалитетите кои се нудат. Овде може да се најдат македонски традиционални питулици со лук или сирење, мазници и зелници. Разни специјалитети од Риба одгледана во рибниците и специјалитетите од Диво Месо.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар