Моја Бавча: Демир Хисар

Каде во Демир Хисар Разговарај на Viber Јави се на телефон

Гастрономско искуство во Демир Хисар Контакт за резервација: 075 336 769

Демир Хисар е мало место за живеење, но во него живеат луѓе со големо срце за дочек на нови гости. Една од нив е Александра. Жената која преку својата уникатна домашна зимница ја раскажува приказната за начинот на живеење во селото.

Со готвење се занимава од многу одамна, а усовршувањето ја поттикнало да ги прошири своите хоризонти и да понуди нешто кое ќе привлече повеќе гости во своето родно место. Веќе три години е активен член на „Slow Food“, а освен подготовка на зимница, нејзината работа започнала да се развива и во друг правец кој вклучува презентирање на процесот на одгледување продукти во бавча, нивна подготовка па се до краен готов производ.

Приказната ја именува како „Моја Бавча“ која е главна водилка во градењето нови успеси. Нејзината историја е доста долга или како што вели таа бележи околу 7 години.

На почетокот започнала со подготовка на зимница во мали количини кои биле наменети за роднини, пријатели и познаници, а тоа што ја поттикнува да се вложи во приказната е поддршката која ја добила од својата фамилија и потребата од работен ангажман кој ќе и донесе финансии. Без разлика дали зимницата ја подготвува за себе или свои пријатели, Лозановска потенцира дека таа ја прави како за свои деца.

Идеологијата на „Моја Бавча“ е да ги поттикне луѓето да јадат што е можно повеќе домашни продукти, домашна здрава и органска храна, да се пијат природни чаеви и сокови.

„Кога ќе спомнам домашно, подразбирам на домашно одгледуван зеленчук и овошје, тревки и зачини кои не соодржат пестициди, а кои се наводнувани со чисти подземи води и одгледувани во здрава, богата и плодна почва, вели таа.

Александра има стекнато искуство со странски туристи, за кои вели дека најмногу ги воодушевува природата и храната која ја сервира. Туристите се возбудени кога движат низ бавчата и во зависност од сезоната им се овозможува да наберат свежи полодови кои подоцна ќе може да ги јадат.

За неа ваквиот концепт на работа ја доловува традицијата, историјата и секојдневието на мештаните во Демир Хисар.

Најголем интерес за посета има на есен. Месеците кога мирисот на тазе подготвена зимница се шири низ бавчата.

За да може да ги нагости сите посетители, Лозановска има подготвено своја програма која најчесто трае од три до четири часа. Се започнува во 8 часот наутро кога заедно со групата се посетува бавчата оддалечена 5 километри од семејната куќа. Овде гостите имаат прилика да се запознаат со тоа како се одгледува овошјето и зеленчукот, а доколку постои интерес може и самите да наберат од плодовите.

За оние пак кои не се во можност да ја посетат бавчата, Александра вели дека секогаш постои втора опција, а тоа е мини бавчата која се наоѓа во дворот на нејзината куќа а каде таа го наоѓа својот мир додека нема обврски.

Главниот дел од дружбата се одвива во нејзиниот двор каде гостите се пречекуваат со свежи домашки пијалоци. За време на седенката Александра им презентира неколку фотографии поврзани со процесот на обработка, берба и подготовка на храната која е послужена на трпезата.

Интересен е фактот дека гостите покажуваат голем интерес за тутунот, за начинот на негово одгледување, берба и производство на цигара, која гостите може и да ја пробаат, додава домаќинката.

Она што ги прави најмногу среќи и задоволни посетителите е тоа дека си заминуваат дома со полни стомаци. Ваквото гастрономско искуство кое ќе ви овозможи дегустација на свежи салати, малака, овошје, како и домашни питулици, лепче и зелник печени во фурна и домашни пијалоци е причина повеќе поради која треба да ја посетите бавчата на Александра.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар

Коментари

  • Aleksandra Stepanoska

    01.09.2021 08:54

    Bravo ogromno Bravo za siot trud i plodovite sto ste gi poseale ke ve nagradat preubavo sekoja cest treba mnogu vakvi luge da imame Bogatstvo za sekogo ❤