Горна Куќа: Село Слепче

Каде во Демир Хисар Разговарај на Viber Јави се на телефон

За оние кои сакаат да го искористат времето за прошетка во природа, треба да знаат дека недалеку од ресторанот се наоѓа манастирот Св. Јован Претеча кој можете да го посетите.

Овој угостителски објект е од неодамна темелно реновиран, а задржана е само вкусната храна која се служи во овој предел од Македонија.

До „Горна Куќа“ ќе пристигнете по патот кој поминува низ Демир Хисар и води кон село Слепче. До самиот објект можете да пристинете со секаков вид да возило. Патото е асфалтиран и е лесно пристапен.

Домаќините на националниот ресторан велат дека објектот бил изграден во 2009-та година, а сега е целосно реновиран. Претходно служел како локална куќа, за која се одлучиле да препрасне во гостилница, за денеска да биде прекрасен објект кој го нижи својот угостителски успех.

За оние кои сакаат да го искористат времето за прошетка во природа, треба да знаат дека недалеку од ресторанот се наоѓа манастирот Св. Јован Претеча кој можете да го посетите.

За оние кои се прави гастрономи, храна која ви ја препорачува тимот на Кајак.мк во ресторанот е: Ребро, коленица печена во фурна, традиционалите питулици, мазник, зелник, тавче-гравче, домашни и зимски салати. Не заборавајте да нарачате и питулици со лук, сезонски специјалитети од печурки и селксо лепче.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар