Ресторанот работи од јануари 2003-та година. Денот кога Глигор одлучува да ја отвори својата кујна за вистинските гурмани.
Денеска, тој за
Кајак.мк вели дека ресторанот поседува и своја винарија со домашно произведено
вино, а има и апартмани за ноќевање.
Домаќинска Куќа е
позната по многу специјалитети, овде може да го пробате домашниот колбас кој
Глигор го припрема секоја зима. За оние кои ќе се одлучат да го посетат ова
место, тимот на Кајак.мк ги советува да вкусат домашна пита и проја, витканик, кашаник
како и домашното лепче од сопствената фурна на Глигор. Не заборавајте да го пробате домашното вино кој тој му го
дал името „Вевчанска крв“, а кое е производство од сопствената винарија- Унифри.
Кога сме кај
месните специјалитети, овде може да ги пробате домашните пршути, куленот, панцетата
како и домашните сирења, а јаготка на шлагот се специјалитетите кои се печат во
фурната на „Домаќинска куќа“. Овде можете да пробате разни ребра во фурна, јаречко,
јагнешко и прасечно месо и ред други специјалитети.
Глигор вели дека гостите
ја сакаат сета храна која се подготвува во неговата кујна, но и дека сите го обожаваат
традиционланото Вевчанско Луканче кое е изработено по рецептот на старите вевчанки,
рецепт кој ја заджува старата добра арома од пред 1400 години.
Ресторанот се уште
ги служи заборавените стари селски специјалитети кои се подготвуваат од
еколошки чиста храна.
Домаќинска Куќа е
лоцирана во близина на познатите Вевчански извори. Нејзината внатрешност е во
традиционален македонски амбиент, што го прави прочуено гастро ќоше во целиот
регион. Самиот спој на дрво и камен, традиционалните предмети и старото огниште
во ресторанот ќе придонесат да ја почувствувате топлината на македонскиот
народ.
ЛОКАЦИЈА