Изработки од природна волна
Рачни изработки200.00 ден
Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго (просечна цена на каргото 80-150 денари за цела пратка). Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.
Сара најчесто изработува накит по нарачка, особено брошеви,
кои често ги креира во форма на домашни миленици според слики од клиентите.
Нејзините обетки, ланчиња и венчиња за коса, исто така изработени од волна, се
карактеристични за нејзиниот стил. Во делот на свеќите, таа дозволува целосна
персонализација во поглед на формата, бојата и мирисот, давајќи им на клиентите
можност да бидат дел од креативниот процес.
Материјалите што ги користи Сара се од највисок квалитет и
се природни. Овчата волна ја припрема сама, од перењето и чистењето до
влачењето и боењето. За накитот често користи сребрени додатоци, додека за
свеќите и сапуните користи соин или пчелин восок, природни бои и етерични
масла.