Рачни изработки со квилинг техника

Рачни изработки
Price from:

350.00 mkd

Производите можете да ги нарачате со селектирање подоле. Можете да селектирате кои прозизводи и која количина сакате. По испратеното барање очекувајте да ве контактираме Производите се дистрибуираат низ цела Македонија по брза пошта или карго. Плаќањето на производите и доставата е при подигање на пратката. При нарачка пишете ја точната адреса на која сакате да ви пристигне пратката. Улица, град, населба (ако има) и точен телефонски број.

Велес има многу локални занаетчии, а меѓу нив е Тања. Жената која прави мали нешта од огромно значење за развојот на свеста кај младите и идни генерации.

Тања е професор по философија,  поранешен наставник по етика, а денес занаетчија и уметник. Нејзините креативни изработки се претежно накит од глина, хартија и рециклирани материјали (пластика и списанија). Исто така изработува накит и слики со техника квилинг на хартија.

Идејата за ваквите изработки започнала во време на пандемијата, кога била отпуштена од работа и кога почнала потполно да се заминава со квилингот како хоби. Од квилингот преминала и во други експериментирања со материјали.

Запрашана за тоа кои изработки најчесто се продаваат, Тања вели дека како најбарани се квилинг сликите со „Бакнежот“ (од Климт), „Малиот Принц“, „Ѕвездена ноќ“ (од Ван Гог), квилинг слики од мачиња и бувови, персонализирани квилинг слики (по идеја и желба на клиент), обетки со Фрида Кало, рециклираниот накит и персонализирани обетки од глина со слика по желба од клиент.

Производите најчесто се по желба на купувачите што значи дека секогаш треба да се има предвид дека за една изработка се потребни три дена.


Place Order

https://cdn.kajak.mk/static/c7cd770d-159a-4d0c-f033-4425f66e7d2b.jpg

Уникатни обетки „Сончогледи“

Уникатни обетки „Сончогледи“ изработени со техника квилинг на хартија. Достапни во повеќе бои, може да се изработат и во бои по желба. Димензија 4,5- 5 цм.
Price

350.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/7352fbfb-9e0c-6a74-7151-812658d64085.jpg

Уникатни обетки „Фрида Кало“

Уникатни обетки „Фрида Кало“ изработено од глина во комбинација со декупаж техника. Димензија 4цм.
Price

400.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/fefa1a43-1604-9be9-7e44-43a8cee8027e.jpg

Бохо сет од ланче и обетки

Бохо сет од ланче и обетки изработени со техника квилинг на хартија. Накитот е изработен од рециклирано списание. Димензија 8*4 цм, 2 цм обетки.
Price

400.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/78310236-4acc-04aa-b5ef-130e68640d2a.jpg

Уникатно ланче „Пејзаж“

Уникатно ланче „Пејзаж“ со 3Д ефект изработено од глина и рачно обоено со акрилни бои. Димензија 6*5цм.
Price

450.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/a3ba6d88-aa06-7362-3588-ef1eb4ae2a4e.jpg

Уникатна слика „Малиот Принц“

Уникатна слика „Малиот Принц“ изработена со техника квилинг на хартија. Во цената е вклучена и рамка. Димензија 25*20 цм. Време на изработка 3 дена.
Price

750.00 mkd

https://cdn.kajak.mk/static/d804094b-7c4a-ea48-63c5-c1cf4705acbc.jpg

Уникатна слика „Був Мандала“

Уникатна слика „Був Мандала“ изработена со техника квилинг на хартија. Во цената е вклучена и рамката. Димензија 20*25цм. Време на изработка 3 дена.
Price

750.00 mkd

Leave a Comment