Пикник на Попова Шапка, Македонија

Пикник на Попова Шапка, Македонија. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 50-150 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Лиценциран туристички водич
  • Лиценциран планински водич
  • Трансфер (Скопје-Попова Шапка-Скопје)
  • Појадок/кафе/закуски/пикник храна/ручек/грицки

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци (пијалаци, сувенири и слично)
  • Осигурување за патување
  • Дополнителни оброци
  • Дополнителни активности или атракции што не се вклучени во основниот пакет

Попова Шапка е претежно зимско-рекративен центар во северозападниот дел на Македонија. Оддалечен 18км од Тетово и 53км од Скопје. 

Во пролет и лето кога нема снег, планината и центарот се идеална локација за пикник, прошетки во природа, чист воздух.

Пикникот е целодневен настан.

Поаѓање од Скопје во 9-9:30 часот наутро.

Пристнуваме на самата локација на пикник настанот.

Теренот ќе биде подготвен од нашиот тим, но сепак ќе оставиме и неколку активности кои ќе ги направиме заедно - од едукативен карактер.

По појадокот и кафе пауза ќе имаме истражување на теренот, игри, авантуристички предизвици и едукација за Македонија.

Потоа следува ручек во чија подготовка ќе учествуваме сите.

По ручекот следи музика и целосно опуштање. Полнење на батериите пред поаѓање назад.

Околу 18:00 часот поаѓаме назад кон Скопје.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар