Тури со коњи на Шар Планина

Ваквата тура се резервира за групи преку Кајак.мк со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Испратете ни барање за групна понуда

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до почетната точка на поаѓање

Ваквата тура се резервира за групи преку Кајак.мк.

Турата опфаќа посета на некои од најубавите места на Шар Планина, како што се Лешница, Плат, прекрасниот Јелак и бачилото, каде ќе имате можност да вкусате автентично локално сирење и кисело млеко. Овие места се познати по својата природна убавина и богатата културна традиција, а додека уживате во пејзажот, ќе се запознаете со локалните обичаи и историја.

Турата е погодна за групи до максимум 23 лица, што ја прави идеална за тимови, семејства или пријатели кои сакаат да поминат незаборавни моменти заедно, истовремено уживајќи во природата и локалната кујна. Нашиот тим од Кајак.мк ќе се погрижи да ја организира турата според вашите желби и потреби, осигурувајќи удобност и безбедност за сите учесници.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар