Работилница за изработка на свежа домашна паста
Искуство за сите љубители на тестенини: научете да правите свежа домашна паста. Испратете ни барање на [email protected]. Идеален настан за групи, тим билдинг, странски туристи, родендени и прослави.
Вклучено во цена:
- Цената варира во зависност од локацијата на организација и бројот на лица во групата
- Ова активност не се организира за индивидуалци.
- Водство од искусен мајстор за паста
- Сите потребни материјали и алати:
- Престилки
- Сукала
- Машини за тестенини
- Јајца и брашно
- Чекор-по-чекор упатство за замесување, обликување и подготовка на тестото
- Практично создавање на свежа паста која може веднаш да се вкуси
- Пријатна и забавна работилничка атмосфера
- Пакување за понесување на домашна паста
- Фотографии
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да биде организиран)
Работилницата ја посветуваме на подготовка на македонски домашни тестенини каде учесниците ќе може да научат како да ги збогатуваат тестенините со локални вкусови од македонско поднебје.
Времетрање на активноста: Од 1 до 2 часа. Локацијата може да биде насекаде во Македонија.
Ако некогаш сте посакале да научите како се прави вистинска домашна паста, оваа работилница е совршената прилика. Во пријатна атмосфера и со насочување од искусен домаќин, ќе откриете дека процесот е креативен, едноставен и многу забавен.
Работилницата трае во просек околу два часа, време во кое ќе поминете низ сите чекори – од замесување на тестото, негово обликување и обработка, па сè до финалниот резултат – свежа и вкусна паста подготвена со ваши раце.
Сите материјали и алати се обезбедени: престилки, сукала, машини за тестенини, јајца и брашно – сè што е потребно за да уживате во искуството без дополнителни грижи.
Ваш водич низ целата авантура е Диме – човек со љубов кон храната и детално знаење за пастата, кој на едноставен и разбирлив начин ќе ве поведе низ секој чекор. Со негова поддршка, секој учесник ќе има можност да создаде своја уникатна порција свежа паста и да понесе со себе не само финален продукт, туку и ново стекнато знаење и вештини.
Работилницата е идеална за сите кои сакаат да доживеат нешто ново и креативно во кујната – почетници кои сакаат да научат основи за домашна паста, љубители на гастрономијата кои сакаат да ги усовршат своите вештини, па дури и семејства или пријатели кои сакаат заедничко забавно искуство.