Организирани тури до Змиски остров на Преспанско езеро

Prespa Цена од:

2,500.00 ден

Доколку сакате да резервирате тура до островот, потребно е да испратите барање со селектирање на датумот кој сакате да го реализирате, да пишете број на лица и да очекувате одговор од одговорните. Практикувајте резервации по мејл така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена за наем на еден чамец од 1 до 5 лица
  • Доколку се над 5 лица треба да се изнајмат 2 чамци
  • Транспорт до островот
  • Логистика

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до местото на поаѓање село Коњско
  • Храна

Турите се реализираат со кајче од преспанското село Коњско до островот Голем Град. Турите се реализираат со кајче, на кое може да се сместат максимум 5 лица. На располагање се три кајчиња на кои може да се сместат по 5 лица.

Возачите на кајчињата се во можност да ве прошетат низ островот.

Прошетката трае од 1 до 2 часа.

Патувањето со чамецот во правец трае околу половина час во зависност од временските услови.

Турите се реализираат сезонски од март до октомври.

ЛОКАЦИЈА

Остави Коментар