НОВО

Еднодневна авантура на Преспанско езеро

Еднодневна авантура на Преспанско езеро. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Цена по лице: 30-130 евра (може да варира зависно од бројот на лица пријавени за турата)
  • Трансфер (Скопје-Преспа-Скопје)
  • На барање на групата може да биде обезбеден трансфер и од други локации низ Македонија
  • Лиценциран туристички водич
  • Лиценциран планински водич за регионот Преспа
  • Видиковецот Лескоски Уши
  • Набљудување птици кај Стењско блато

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци
  • Ручек (може да биде организиран на барање на групата)

Турата покрај Преспанското езеро е вистински рај за љубителите на природа и тишина. Започнуваме со посета на видиковецот Лескоски Уши, од каде што се откриваат спектакуларни панорами на езерото и околните планини. Чистиот воздух и мирот создаваат идеална атмосфера за опуштање и полнење со енергија.

Потоа следува прошетка до куќата за набљудување птици кај Стењско блато, едно од најзначајните влажни подрачја во регионот. Тука може да се забележат ретки и заштитени видови птици како и обични водени птици во нивниот природен амбиент — совршено место за фотографирање и за сите што сакаат да се запознаат со богатството на македонската флора и фауна.

Со лесни прошетки и тивка атмосфера, оваа тура е идеална за летните денови кога природата е во својот најживописен сјај. Еднодневно доживување што ве поврзува со мирот и убавината на македонската природа, далеку од градската гужва.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар