СЕ ИЗНАЈМУВА ЗА ЕДНА ГРУПА НА ДЕН

Целодневна тура на Преспанското Езеро

Ценодневна тура на Преспанско езеро за индивидуални или група. Испратете ни барање со селектирање на датумот на кој сакате да ја реализирате турата, по испратеното барање ќе добиете одговор во текот на денот.


Вклучено во цена:

  • Цената зависи од големината на групата и дали е потребен транспорт
  • Локален водич
  • Транспорт
  • Целосна логистика

Не е вклучено во цена:

  • Храна

Нашата прва станица на оваа целодневна турнеја на Преспанското Езеро е етнолошкиот музеј лоциран во Езерското село, Подмочани. Музејот е дом на ретка и импресивна колекција од над 2000 уметнички дела, вклучувајќи прекрасни примероци на накит, пиштоли, стари монети и над 300 различни народни носии од различни региони на Македонија.


Подоцна се упатуваме кон две уникатни села кои се сместени помеѓу Преспанското Езеро и Националниот парк Пелистер. Лесна прошетка низ центарот на Љубојно и Брајчино, познати како воздушна бања и традиционална архитектура.
Околу ручек ќе пристигнеме на брегот на Преспанското езеро во село Сливница или селото Претор и ќе уживаме во ресторан со вкусна храна и совршен поглед.

*Факултативно – патување со брод до единствениот остров во Македонија, познат и како змиски Остров или Остров на пеликани.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар