Работилница за изработка на производи од епоксидна смола
Оваа работилница е наменета за почетници и ентузијасти кои сакаат да ја истражат креативноста преку работа со епоксидна смола. Учесниците ќе научат како да создаваат уникатни декоративни и практични предмети, користејќи техники кои им овозможуваат полесно и безбедно да работат со овој материјал. Работилницата комбинира практично учење, креативно изразување и можност за создавање производ кој учесникот ќе го понесе со себе.
Вклучено во цена:
- Сите материјали потребни за работа со епоксидна смола (смола, харднер, пигменти, боички, сјај)
 - Различни калапи за изработка на предмети
 - Декоративни елементи (суво цвеќе, камчиња, дрвени или природни украси)
 - Ракавици, маски и заштита за безбедна работа
 - Упатство и поддршка од инструктор/водич
 - Простор за работа и употреба на алатки
 
Не е вклучено во цена:
- Превоз
 - Храна и пијалоци
 - Дополнителни лични предмети
 - Напомена: Превозот и храната може да се организираат и да се вклучат во цената на ваше барање
 
Оваа работилница е наменета за почетници и ентузијасти кои сакаат да ја истражат креативноста преку работа со епоксидна смола. Учесниците ќе научат како да создаваат уникатни декоративни и практични предмети, користејќи техники кои им овозможуваат полесно и безбедно да работат со овој магичен материјал. Работилницата комбинира практично учење, креативно изразување и можност за создавање производ кој учесникот ќе го понесе со себе.
Што ќе се научи:
- 
Основи на работа со епоксидна смола и безбедносни правила
 - 
Техники за мешање и боење на смолата
 - 
Користење на различни калапи и облици
 - 
Додавање на декоративни елементи како суво цвеќе, камчиња, пигменти и сјај
 - 
Завршни техники за полирање и професионален финиш
 
Пример на производи кои учесниците можат да ги направат:
- 
Накит: прстени, обетки и привезоци
 - 
Декоративни предмети: подметнувачи, плочи и сувенири
 - 
Мал мебел или акценти за домот
 - 
Сувенири со природни елементи
 
Практични детали:
- 
Траење: 2 до 4 часа
 - 
За кого: почетници и љубители на креативни активности
 - 
Локација: низ цела Македонија
 - 
Сите материјали се обезбедени
 
Придобивки:
Учесниците ќе имаат можност да се изразат креативно, да научат нова техника и да создадат свој уникатен производ кој ќе биде личен подарок или декорација за домот. Работилницата обезбедува забавна и интерактивна атмосфера, идеална за индивидуални учесници или групи.
Резервација:
Резервирајте го своето место преку kajak.mk и откријте ја магијата на епоксидната смола!