Посета на резбарско атеље во Тиквешкиот регион - еднодневна тура

Еднодневна тура - посета на резбарско атеље во Тиквешкиот регион. Турата можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл и на смс со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Вклучено во цена:

  • Посета на резбраско атеље
  • Традиционален ручек со ракија и вино
  • Едукација и можност за резба
  • Лотарија
  • Сувенир
  • Трансфер (Скопје-Тиквешки регион-Скопје)

Не е вклучено во цена:

  • Лични трошоци

Кавадарци е место каде сонцето постојано свети, а благодарение на својата плодна земја, регионот произведува вино, ракија и маџун, лек познат уште од времето на султанот Сулејман Величествениот. Македонија, и покрај бурната историја, останала богата со резбарски дела, кои продолжуваат да се негуваат и денес. Резбарското ателје во Кавадарци е вистинска куќа на традицијата, каде посетителите можат да ги откријат тајните на оваа древна уметност.

По пристигнувањето во Кавадарци, ќе бидете топло пречекани од домаќините во резбарско ателје, каде ќе имате прилика да се запознаете со традиционалната македонска резба, која се негува веќе три децении.

Ќе слушнете интересна приказна за почетоците на ателјето и ќе имате можност да се обидете да креирате свои дела под надзор на искусен резбар.

По кратката едукација, ќе следи лотарија, а најсреќниот гостин ќе добие уникатен сувенир.

За крај, ќе уживате во дегустација на локални еколошки специјалитети, вклучувајќи традиционален маџун, популарен уште од времето на султанот Сулејман.


ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар