Кривошијски кади

Popova Shapka Цена од:

1.00 ден

Кривошијски кади


Вклучено во цена:

  • Прекорака од Кајак.мк
  • Доколку сакате тура како група контактирајте не на [email protected]

Не е вклучено во цена:

  • Прекорака од Кајак.мк

Дали сте слушнале за Кривошијските водопади и дали знаете дека тие се препорака од Кајак.мк за активна пролетна дестинација?

За оние кои за првпат се среќаваат со поимот „Кривошијски водопади“ или пак „Кривошијски кади“, ние ќе се обидеме да ви раскажеме збор два повеќе.

Вљубениците во Шар Планина, знаат дека Лешница ни зрачи како дијамант на целиот планински масив. Преполна со чисти планински реки, водопади, густа и бујна борова и букова шума и безброј карпести врвови. Вака многумина ја опишуваат Лешница, долината која во себе ги крие Кривошијските кади.

За да стигнете до Лешница треба да се помине низ карактеристичките пејсажи на Шара, каде имате пространи пасишта и врвови кои достигнуваат до 2000 м.н.в. Кога веќе сте ги поминале, во самата долина ќе наидете на Лешница.

Овде ќе се запознаете со реката Пена, која се храни од повеќе притоки кои извриратво подножјето на врвовите на Шар Планина.

Овие води кои се притоки на Пена, во себе создале побеќе водопади, помеќи кои е и водопадот на горна Лешница, Кривошијскиот водопад и прочуените Кривошијски кади, феномен кој креира огромни вдлабнувања во карпите.

До Лешница можете да стигнете и по втора тура, а тоа е преку селото Бозовце. Оваа рута соодржи 12 километри долг шумски пат, но треба да знаете дека искачувањето може да биде само пеш или со коњи и трае околи два часа.

Тимот на Кајак.мк Ви препорачува да ја посетувате ова дестинација исклучиво пеш или со велосипед. Со себе да понесете вреќи за отпадоци и да го вратите отпадокот во градските контењери. 

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар