Водопади на Камењане

Popova Shapka Цена од:

1.00 ден

Предлог викенд дестинација: Водопади на Камењане Фотографиите се преземени од: goonerskmk на инстаграм


Вклучено во цена:

  • Доколку сте група и сакате организирана посета на водопадите, контактирајте не на [email protected]

Не е вклучено во цена:

  • Сопствена програма

Дел од нашите патувачи сигурно веќе ги имаат посетено прекрасните Камењански Водопади, а за оние кои првпат се среќаваат со овој поим, денеска е денот кога ќе ви откриеме некои интересни детали.

Ајде да започнеме од тргнувањето.

До водопадите можете да стигнете по следната рута: Прво треба да возите до истоименото село Камењане, кое се наоѓа во Полошката Котлина, на десната страна на автопатот Гостивар-Тетово, или на околу 7 километри од Тетово.

Главната причина поради која секој што ќе ја посети Камењане ќе се заљуби во него е една — Шар Планина. Планина која никого не остава рамнодушен.

Кога ќе пристигнете во селото, продолжувате по коритото на реката по асфалтен пат до селото Јеловјане, каде што ќе наидете на информативни табли и маркици кои водат низ буковата шума. Во овој дел ќе откриете 8 водопади, секој со своја уникатна убавина. Непосредно пред првиот водопад ќе наидете на стара воденица, каде мештаните го мелеле житото, а веднаш потоа ќе видите скалила поставени со цел да го олеснат движењето низ реката. По течението на реката ќе наидете на многу дрвени мостови, магични глетки и прекрасно скриени места каде ќе сакате да останете цел ден.

За оние кои не се доволно кондиционо подготвени, не треба да се грижат, бидејќи патеката до водопадите е прецизно обележана и урбанизирана со скали и мостови, кои ќе ви овозможат да ги видите сите 8 водопади за само 2 часа.

Фотографиите се преземени од: goonerskmk на Инстаграм.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Коментар