Мотел Изгрев на Пониква

Kochani/Ponikva
Цена од:

2,500.00 ден

Мотел Изгрев на Пониква. Можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 51
Кревети : 51
Check In : 14:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цена за двајца од ноќевање
  • ТВ со кабловска
  • Интернет во дворот
  • Пешкири

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Мотелот располага со 10 апартмани, една трокреветна соба, и 4 двокреветни соби. Апартманите имаат еден брачен лежај и два поединечни кревети или тросед на спуштање. 

Секоја соба располага со централно греење и тоалет, во апартманите има и ТВ со кабловска, на вториот спрат сите соби се со тераса. Во неколку апартмани има и мал фрижидер.

Кујна во собите нема, за храна работи ресторанот и гостите може да нарачаат од мени, или по договор со персоналот за готвени јадења.

Мотелот располага со wi-fi кое е достапно во ресторанот и на летната тераса. 

Објектот располага со приватен паркинг за 10-15 возила, и е на само 100 м од главниот паркинг на Пониква.  

Максимален капацитет од 51 легло.

Во околина на објектот се наогаат ски терени, знаменитости од културен и верски карактер (споменик од НОБ, манаситр), инфо центар Пониква, спортски терени во склоп на објектот на МВР (отворен за сите посетители), како и места за пикник, приодни извори на вода, и многу пешачки патеки кои почнуваат и завршуваат во непосредна близина на објектот.

Објектот е изграден во традиционален стил со употреба на природни материјали, камен и дрво. Собите се модерно опремени, со сите потребни елементи за удобен престој. Пониква како туристички центар располага со многу патеки за пешачење и велосипеизам, како и патеки за зимски спортови. Во последно време се повеќе станува атрактивна за возење АТВ или крос мотори, по пристапни и добро обележани патеки. Љубителите на природата може да уживаат во долги прошетки, во собирање на шумски плодови и чаеви со кои изобилува оваа туристичка дестинација. Во лето умерените температури и сенките на буковата шума овозможува идеален одмор и релаксација од градските гужви. 

Објектот се наоѓа на 100 м од главниот паркинг на Пониква, во самото срце на туристичкиот центар. Во околина на објектот има приватни викенд кукучки кои ретко се користат. Опкружен е со букова и елова шума која го доловува вистинското уживање во планински амбиент. Гостите може да уживаат во уникатното изгејсонце од своите тераси, или во шумот на еловата шума која се простира позади објектот.

За сместување собите се слободни после 14:00 часот. Доколку претходно собата била слободна може гостите да се сместат и порано.
Одјавување од собите е до 11:00 часот.

Клучот го подигаат од шанк во ресторантската сала на објектот, и им го предава шефот на смена.
Објектот не дозволува влез на домашни миленици.

Постелнината и пешкирите за подолг престој се менуваат или на барање на самиот гостин. 

Цена за апартман или соба е од 1500 мкд, ноќевање за престој на две лица, или фамилија со мали деца до 7 год. Ова се летни цени. За организирани групи цените се по договор во зависност од барањата на самата група. 

Специјализиран простор за оставање велосипеди мотелот нема, но доколку некој посетител дојде со велосипед, домаќините ќе му обезбедат соодветен простор за оставање на велосипедот. 

Пониква е воздушна бања, прогласена како таква уште во 1929 год, како место за рехабилитација на болни од асма и луѓе со срцеви маани. Во време на Кралска Југославија била користена како место за рехабилитација на војска после битки. Затоа Пониква изобилува со постоечки или веќе распаднати објекти од тој период. Во околина може да се шета по веќе постоечки и обележани патеки, кои водат до Ивков преслап, Курмина, Царев Врв, до брана Гратче и Злетово. Сите овие патеки се достапни за планинари и велосипедисти, како и за рекреативци кои сакаат да уживаат во природа. Во зима на располагање се две скијачки стази до кои гостите на објектот можат да стингат на скии, од објектот до стазите и обратно. Една од скијачките стази е само на 100 м од објектот.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Darko Anastasovski

    04.04.2024 11:36

    1 i 2 maj dali imate 2 vozrasni i 2 deca i cena.

  • Oliver paunovski

    11.01.2024 19:00

    Dali e slobodno od utre za 2 noki za 4 cleno semejstvo i cena