Тим билдинг на SEMOS CLOUD во Грција
Тим билдинг во ГрцијаТим билдинг патување во Грција. Целосна организација за многу забава и нови спомени!
Отворена е новата сезона на тим билдинг патувања во Грција,
кои ги организира Кајак Агенција и кои ни носат нови позитивни вибрации,
пријателства и незаборавни спомени. Изминатиот викенд имавме можност да се
дружиме со вработените од Semos Cloud – тим кој е вистински пример дека, кога
имате одлични колеги, каде и да отпатувате со нив, забавата е загарантирана.
Сончев викенд, жешки натпреварувачки игри и ладни коктели –
совршена комбинација за стартен тен оваа летна сезона!
Среќни сме што ја имаме SEMOS CLOUD како компанија-клиент на
која ѝ организираме вакви патувања, пред сè поради самите вработени, кои
оставаат навистина одличен впечаток, но и поради прекрасната комуникација што
ја имаме со нив.
Зошто Грција? Затоа што секој вработен заслужува освежување
во морето по долгата зимска работна сезона и момент да си каже: „Браво!“ за
сработеното. Одличните климатски услови ни овозможуваат сезоната на тим билдинг
настани да започне уште во мај и да трае до крајот на октомври.
Искрено ѝ благодариме на SEMOS CLOUD за прекрасната
енергија!
ЛОКАЦИЈА