Тим билдинг во Грција

Компанијата Xessable: Уште една компанија во еко фамилијата на Кајак.мк

Компанијата Xessable: Уште една компанија во еко фамилијата на Кајак.мк

Компанијата Xessable: Уште една компанија во еко фамилијата на Кајак.мк

Тим билдинг во Грција

Супер активен тим-билдинг во Грција

Кој би рекол дека месец Мај е период на врнежи и студено време? Сите!?!?

Тогаш нашиот тим билдинг со компанијата Xessable го тврди спротивното. Имавме супер викенд, исполнет со многу активности на плажа, првото капење во море за 2023-та година и секако нови пријателства.

Ние во тимот на Кајак.мк би рекле дека вработените на Xessable ја отворија летната сезона 2023-та и ви препорачуваат следното: Што помалку помислувате на дожд и што повеќе сте среќни и насмеани, толку повеќе ќе имате сонце.

Одлични хотели за тим-билдинг настани може да најдете во Грција, кои од ALL INCLUSIVE услуга, базени и бар за забава, па се до песочни плажи на кои може да се органиизраат многу активности.

За деталите не би ви откривале многу, но сакаме да ви препорачаме да бидете компанија како Xessable и да им овозможите на вашите вработени тим-билдинг како што заслужуваат. За комфорен тим-билдинг во Грција, наш совет е тоа да биде не помалку од 2 ноќевања.

Компанијата Xessable од денеска е дел од нашиот свет на еко-одговорни компании кои преку својот тим билдинг донираа 200 дрвца за пошумување. Повеќе фотографии од патувањето можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар