Bestway Solutions донираше 200 дрвца за пошумување преку својот тим билдинг во Грција

Тим билдинг во Грција

Првиот јунски тим билдинг во Грција

Тимот на Кајак.мк е среќен што ги запозна вработените компанијата Bestway Solutions кои дефинитивно се покажаа како едни од најенергичните луѓе со кои сме соработувале. Тим луѓе полни со енергија, позитива и умешност да ја совладат секоја игра.

Тим билдингот го започнавме на првиот ден од месец Јуни во Грција, што на некој начин претставуваше и свечено отворање на летната сезона.

Ваквите тим-билдинг настани испишуваат нови приказни и раскажуваат за луѓето кои одлучиле да се усовршуваат и надоградуваат во Македонија. Аплауз за компанијата Bestway Solutions која знае како да ги мотивира своите вработени. Аплауз и за првите донирани 200 дрвца во месец јуни од страна на компанијата, а кои ќе бидат засадени за време на есенската акција за пошумување.

Остави Коментар