Компанијата Seavus донираше нови 200 дрвца за пошумување преку својот тим-билдинг

Тим билдинг во Струга

Есенско сонце на тим билдинг за добар крај на летната приказна

Астрономската есенска сезона се смета дека започнува од 23-ти септември, денот кога нам ни започна другарувањето со вработените од компанијата Seavus кои со големи насмевки го заокружија викендот.

Како организатори на тим-билдинг патувања, секогаш стравувавме за тоа какво ќе биде времето во месец септември, но пред една недела заклучивме дека нема лошо време, ако имате добро друштво за патување. Веќе две недели по ред запознаваме добри тимови кои одлично функционираат меѓу себе, со што нашите активности беа јаготката на шлагот.

Струга како дестинација ја преферираме преку летниот период, а со тимот на Seavus ја заокруживме летната приказна. Она што нам ни претставува од огромна чест е ноќната прошетка низ Вевчани и посетата на нашата гастро станица „Кутмичевица“, која веќе подолго време е дел од нашето омилено гастро движење „Slow Food“.

Кутмичевица има со што да се пофали. Амбиентот, прекрасниот поглед кон струшката котлина и превкусната локална храна која се подготвува на уникатен начин. Во Кутмичевица можете да ги дегустирате вкусовите на Вевчани. Така направивме и ние! Сфативме дека оваа наша гастро дестинација е идеална во комбинација со момците од бендот „ChillOut“ кои за нас се десна рака за добра забава. Сега, можете да си го поставите прашањето, зошто да не „ChillOut“ во Вевчани?

Вториот ден го заокруживме со пикник во дворот на манастирот Св. Илија кој се наоѓа во селото Глобочица, а до каде пристигнавме кајакарејќи со екипата на спортскиот клуб „Соларис Струга“, за кои сме пишувале често во нашите приказни.

Коста Хиохи, човекот за кој постојано велиме дека е еден од нашите знајачни локалци кои прават мали нешта од огромно значење за развојот на туризмот, ни го закити денот со локална храна, вино и многу лаф муабет. Доколку сакате да стапите во контакт со Коста, повеќе информации можете да добиете со еден клик ОВДЕ. Коста и неговата екипа заслужуваат ваква поддршка од сите компании.

Сонцето. Да не го заборавиме него. Тоа ни беше присутно за време на патувањето, а сонце има кога сите се среќни и позитивни.

Му благодариме на тимот на Seavus, кои преку овој тим-билдинг донираа нови 200 дрвца за пошумување. Им благодариме на насмевките и храброста да впловат во реката Дрим која мирно ги плови туристичките спомени.

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment