Cargo Runner Co. донираше нови 500 дрвца преку тим билдингот

Тим билдинг во Струга

За да го подобриме и натпреварувачкиот дух на тим-билдингот, организиравме туринир во картинг на теренот на Пачо во Струга, а исто така имавме предизвик во барање на скриените одговори на неколку наши прашања поврзани со Вевчанските извори.

Секогаш кога некој ќе го спомне Куманово, ние во Кајак се потсетуваме на компанијата „Cargo Runner Co.“ која е одличен пример за тоа како треба да се мотивираат вработените и како компанијата да ги поттикнува да бидат активни во природа.

Ние сме среќни што токму оваа компанија го избра регионот на Струга како дестинација за викенд патување, а уште посреќни дека компанијата преку својот тим-билдинг им даде директна поддршка на многу наши локални херои кои животот го посветуваат на туризмот. Ова значи дека можеме да бидеме горди бидејќи викендов остваривме уште една директна поддршка на локалната економија.

За оние кои тврдат дека Струга нема понуди за исполнување на викендот, тимот на Кајак одлучи да им пркоси со агендата што ја реализиравме сите заедно.

Успеавме во само два дена да го запознаеме нашиот локален херој Ѓоко, кој својот живот го има посветено на едрењето. Тој нè научи на основните техники за управување на едрилица, а имавме среќа што ветрот беше поволен и ни овозможи незаборавно искуство на Охридското Езеро.

На нашата агенда го имавме и Коста Хиохи, човекот кој живее за кајакарење по Црн Дрим, а со негова помош успеавме да кајакариме до црквата Свети Илија која го краси езерото Глобочица. По активно кајакарење, нема ништо повкусно од ручек со свежа салата и скара во природа.

За да го подобриме и натпреварувачкиот дух на тим-билдингот, организиравме туринир во картинг на теренот на Пачо во Струга, а исто така имавме предизвик во барање на скриените одговори на неколку наши прашања поврзани со Вевчанските извори.

Програмата во Струга не би била целосна доколку го немавме ручекот во Вевчани кај нашата локална хероина Ефимија од Ресторанот Виа Игнација, за која дестинација велиме дека ќе остане меѓу нашите омилени гастро дестинации.

Им благодариме на вработените од Cargo Runner Co. за позитивната енергија со која си заминавме од Струга.

Преку овој тим-билдинг компанијата донираше нови 500 дрвца кои ќе бидат засадени за време на нашата есенска акција за пошумување. 

ЛОКАЦИЈА

Leave a Comment